Германската автомобилска индустрија сè повеќе и повеќе запаѓа во криза

Расположението во германската автомобилска индустрија значително се влоши во јули, се вели во извештајот на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Показателот што го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна во јули од -9,5 поени во јуни на -18,3 поени, се вели во извештајот.

„Германската автомобилска индустрија сè повеќе и повеќе запаѓа во криза“, коментира Анита Волф, експерт за индустрија во IFO, за најновото истражување. Компаниите се помалку задоволни од тековното работење отколку во јуни и истовремено покажуваат поголем песимизам за развој на бизнисот во блиска иднина.

Вредноста на показателот што ја оценува моменталната деловна состојба падна за 10 поени, од јунските 3,2 поени на -6,8 поени, додека вредноста на индексот што ги мери очекувањата за следните шест месеци од минус 21,3 поени падна на минус 29,1 поени.

Искористеноста на капацитетите во германската автомобилска индустрија падна на 77,7 отсто, што е девет отсто под долгорочниот просек. Компаниите се жалат на недостиг на нарачки - дури 43,1 отсто од компаниите пријавиле недостаток.

„Ситуацијата веројатно нема значително да се подобри во наредните месеци“, додава Волф.

реклама

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Авто новости

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Read more

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Read more

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Read more

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Read more
 

Автомобили

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Читај повеќе

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе
  • filter

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Читај повеќе
  • filter

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Читај повеќе

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Читај повеќе

Каде во Европа се возат најстари возила?

Читај повеќе

Tesla им го предаде престолот на Кинезите

Читај повеќе

Во кој европски град најмногу се заглавува во сообраќај?

Читај повеќе
  • filter

Нов кинески SUV ќе ја освојува во Европа: Вози речиси 1000 км со едно полнење

Читај повеќе