Германската економија стагнира, додека другите земји почнаа да растат

Економијата на Германија оваа година ќе стагнира, по благиот пад во 2023 година, а закрепнувањето ќе биде послабо од очекуваното, покажуваат прогнозите на Институтот за економски истражувања (ифо)

„Германската економија е заглавена во криза, со негативно влијание и на економските и на структурните фактори. По падот од 0,3% минатата година, ценовно прилагодениот бруто-домашен производ веројатно ќе стагнира оваа година“, наведува ифо во своите есенски прогнози..

„Индустриската активност и личната потрошувачка многу бавно излегуваат од стагнација“.

Според нив, активноста треба да се зголеми за 0,9% во 2025 година, а за 1,5% во 2026 година, пресметаа тие. Во летниот извештај прогнозираа дека годинава ќе се зголеми за 0,4%, а во 2025 година за 1,5%.

„Спротивно на очекувањата, индустриската активност и личната потрошувачка многу бавно излегуваат од стагнација“, забележува институтот.

Извозниот бизнис се потпира на позитивните движења во светската економија, но компаниите веројатно ќе продолжат да бидат попречени од слабата конкурентност, сметаат тие.

„Ситуацијата е малку подобрена во текот на изминатите 12 месеци благодарение на пониските трошоци за енергија, но германските компании сè уште веруваат дека се во значително полоша позиција во конкуренција на европските и неевропските пазари отколку компаниите во другите европски земји“, наведува институтот.

Германската економија стагнира додека другите земји почнаа да растат, истакна економистот на ифо, Тимо Волмершаузер, припишувајќи ја стагнацијата на Германија на „структурната криза“.

Премалку е инвестирано во индустријата, а продуктивноста стагнира со години, рече Волмершаузер, обвинувајќи ја промената од индустријата во услужниот сектор.

Деловните модели се истовремено под притисок поради климатските промени, дигитализацијата, демографијата, пандемијата, цените на енергијата и новата улога на Кина во глобалната економија, додаде тој, издвојувајќи ја кризата во деловниот циклус што се манифестираше во слабата побарувачка и тенденцијата на граѓаните да штедат.

Невработеноста годинава треба да се зголеми на 6%, од 5,7% во 2023 година. Во следната година би требало повторно благо да ослабне, прогнозираат тие.

реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Бизнис

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Read more

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Read more

Американските царини за соларни панели од Југоисточна Азија достигнаа 3521%

Read more

Јапонија увезе ориз од Јужна Кореја за прв пат по 25 години

Read more
 

Вести

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Силен земјотрес во Турција

Читај повеќе

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе