Германската пошта отпушта 8.000 работници до крајот на годинава

Макфакс
/ 06.03.2025 / 17:32

Deutsche Post денеска објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците по скромниот раст на приходите на матичната DHL во 2024 година.

Програмата за намалување на трошоците вклучува и одделенија на глобалниот логистички гигант DHL, кој вработува околу 600.000 луѓе ширум светот. Deutsche Post е нејзина германска подружница, забележува агенцијата DPA.

 

Групацијата DHL се обидува да ги намали трошоците и проценува дека програмата ќе им донесе заштеда од повеќе од една милијарда евра. Во 2024 година приходите на групацијата пораснаа за само 3%, на 84,2 милијарди евра. Оперативната добивка е намалена за 7,2%, на 5,9 милијарди евра. Нивните трошоци се зголемија за 2,6%, на 42,8 милијарди евра, а првенствено беа концентрирани во одделот за глобален карго транспорт.

Приходите на одделот за поштенски услуги во Германија, Post & Parcel Germany, забележаа речиси ист процентуален раст од 2,7%. Но, нивната добивка пред камати и даноци е намалена за 5,6%, на 821 милион евра.

Бројот на писма со години се намалува, а во 2024 година значително ќе се намали и бројот на рекламни летоци, најавуваат од компанијата. Светла точка е поголемата количина на испорачани пакети. Одделенијата за брза испорака на пакети и логистички услуги се значително попрофитабилни, но ги трпат негативните последици од падот на економската активност и геополитичките тензии.

Менаџментот на DHL е внимателен во своите прогнози поради пригушеното макроекономско опкружување. „Очекуваме глобалната политичка и економска ситуација да биде нестабилна и во 2025 година“, изјави извршниот директор на Групацијата DHL, Тобиас Мајер.

реклама

Фон дер Лајен: ЕУ повеќе не може да се потпира само на правила

Read more

Швајцарците на референдум гласаа за заштита на готовината 

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Read more

Свет

Макрон подготвува деблокирање на Ормутскиот Теснец

Read more

Русија евакуира семејство од иранска нуклеарна централа, Путин лично ја следи ситуацијата

Read more

Турција распореди шест F-16 и системи за воздушна одбрана во северен Кипар

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ повеќе не може да се потпира само на правила

Read more
 

Вести

Макрон подготвува деблокирање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Евакуацијата е бесплатна, во текот на оваа недела сите македонски граѓани ќе бидат вратени во земјата

Читај повеќе

ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица

Читај повеќе

Русија евакуира семејство од иранска нуклеарна централа, Путин лично ја следи ситуацијата

Читај повеќе

Итен состанок на Г7 поради наглиот скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Турција распореди шест F-16 и системи за воздушна одбрана во северен Кипар

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ повеќе не може да се потпира само на правила

Читај повеќе

Колку бродови се нападнати во Ормутскиот Теснец откако започна блокадата?

Читај повеќе