Германски болничар призна дека убил преку 100 пациенти

Поранешен болничар од Германија призна дека убил 100 пациенти за време на неговите ангажмани во две болници. Денеска е првиот ден од неговото судењето, а се работи за најголемиот случај на сериски убиства во оваа земја по Втората светска војна.

Нилс Хогел (41), кој веќе отслужува доживотна казна затвор поради убиства на неговите пациенти, денеска беше изнесен на суд поради дополнително откриени убиства кои тој наводно ги извршил во периодот помеѓу 1999 и 2005 година.

Тој е обвинет за намерно предизвикани предозирања на неговите пациенти, за потоа да може да ги врати во живот во последен момент. Хогел помина скоро една деценија зад решетки поради обвиненијата за убиени пациенти во две германски болници. Обвинителството вели дека најмалку 36 пациенти биле убиени во болницата во Олденбург и околу 64 пациенти во болницата близу Делменхорст, две од местата каде Хогел работеше во периодот од 1999 до 2005 година.

„Да. Признавам дека го направив она за кое што сум обвинет. Тоа навистина се случи“, изјави тој пред полната судница кога беше запрашан дали е виновен за убиствата.

Повеќе од 130 тела на пациентите кои умреа во смените на Хогел беа ставени на маса за обдукција, со цел да се утврди причината за смртта на секој еден од нив.

Еден од многуте сведоци во судењето, Кристијан Марбах, рече дека е скандалозно што на Хогел му било дозволено да убива низ болниците во Германија толку долго време без да се вмеша власта или пак раководството на некоја од болниците.

„Имаа сѐ што им беше потребно за да го запрат. Не е потребно да сте Шерлок Холмс за да знаете дека е виновен“, изјави Марбах.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе