Германскиот претседател Штајнмајер пречекан со највисоки државни и воени почести

Со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денес го пречека неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на земјава.

Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и на Германија, по што најавена е нивна заедничка прес-конференција.

Предвидено е во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски да положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Штајнмајер ќе се обрати и пред пратениците во македонскиот Парламент, а попладне во Владата да оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски.

Гераманскиот претседател беше пречекан на Меѓународниот аеродром Скопје од страна на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер! Првата официјална посета на претседателот Штајнмајер, после само четири месеци од почетокот на пристапните преговори е јасен сигнал за позициите на Германија за интеграцијата на регионот во ЕУ и за континуираната поддршка која Северна Македонија ја има за пристапување во Унијата, објави Маричиќ на својата официјална страница на Фејсбук.

Тема на разговорите на Штајнмајер со македонскиот државен врв ќе биде регионот, унапредувањето на меѓусебната соработка и предизвиците со кои се соочува цела Европа.

Утре во Чифте амам, Штајнмајер ќе се сретне со екипата на филмот „Медена земја“, а во попладневните часови ќе ги посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија „Дрекселмајер“ во Кавадарци.

Ова е прва посета на Штајнмајер на земјава. Од земјава германскиот претседател каде ќе замине во посета на соседна Албанија. 

реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе