Германските медиуми предупредуваат: Се ближи крајот на Ангела Меркел

Губење на авторитетот и крај на ерата на Ангела Меркел, се само некои од насловите во германските медиуми, еден ден откако конзервативниот блок за претседател на клубот одбра друга личност наместо Волкер Каудер, кој со години и беше десна рака на германската канцеларка.

Во тајно гласање на членовите на Христијанско-демократската унија (CDI) на Ангела Меркел и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), Волкер Каудер, десната рака на канцеларката, доживеа пораз од страна на неговиот заменик Ралф Бринкхаус.

„На ерата на Ангела Меркел и доаѓа крајот“, објави после гласањето најпопуларниот германски весник „Bild“.

„Bild“ ова гласање го карактеризираше како „најболниот ден“ за Меркел, па се доведува во прашање и нејзиното останување на позицијата канцеларка.

„Ова не е ништо друго освен знак за нова епоха: Меркел ја пропушти приликата да се откаже од својата поддршка кон Каудер. Стабилна транзиција со неа повеќе не е возможна“, пишува во текст на „Die Welt“.

Партијата CDU се обиде да го ублажи тој настан, а самиот Бринкаус рече дека „тоа не е голема драма“ и дека тоа ќе ја „зајакне владата и конзервативниот блок“.

Бринкхаус, инаку, во CDU се приклучи во 1998 година, а него го сметаат за експерт за финансии, но не и за политички прашања, пишуваат германските медиуми.

Неодамна тој два пати влегуваше во конфликт со канцеларката, прв пат во 2017 година, кога тој го испитуваше нејзиниот план за ограничување на даночните олеснувања за претприемачите, а потоа и во 2018 година кога тој напиша критика за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон поврзан со иднината на ЕУ, пишува „Die Welt“.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more
 

Вести

Доживотен затвор за маж што на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе