Регион

Германските туристи разочарани од Хрватска: Скапо и валкано

16. август 2019 - 17:27 | Ф.З.

Оваа година Хрватска ја посетиле значителен број помалку туристи од Германија и Австрија, а причина за тоа се скапите цени за смештај и нечистотијата по градовите.

Томас Розер, дописник од Хрватска за германскиот Tagesspiegel и австрискиот Die Presse вели дека Германците годинава решиле да ја избегнат Хрватска поради скапотијата и нечистотијата која го јаде хрватскиот туризам.

Изминатите години бројот на туристи во Хрватска цело време беше во пораст, но оваа сезона ситуацијата значително се промени. И покрај прекрасната ривиера, странските туристи ги одвлекуваат скапите цени за смештај кои пак не вредат за парите бидејќи најчесто се опремени со стар намештај. Цените одат дотаму што за гарсоњера опремена со намештај од Југославија се наплаќа и по 100 евра.

Проблем имаат и оние кои Хрватска ја посетуваат со автомобили бидејќи паркинзите се претерано скапи. Скапи се и лежалките на плажа кои се под сенка, а честа глетка се и канализациските одводи кои завршуваат во Јадранското Море.

Коментирај