Германските угостители не можат да најдат доволно работници за Европското првенство

Германските ресторани и хотелиери очекуваат рекорден број посетители за време на Европското фудбалско првенство, но истовремено стравуваат од недостаток на кадар, пишуваат германските медиуми.

„Речиси е невозможно да се најде персонал на пазарот, ќе мораме да управуваме и да привлекуваме персонал од други гранки преку приватни агенции за посредување за одреден временски период“, вели Сами Нофал, менаџер на паркхотелот Heiner во Гелзенкирхен во Западна Германија, каде, меѓу другото, ќе се одржуваат натпревари.

Во склоп на хотелот има и голема тераса на која ќе биде организирано јавно гледање на натпреварите на ЕУРО, кое ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

„Персоналот 'позајмен' за време на натпреварите ќе чини значително повеќе, но немаме излез“, вели Нофал.

На рестораните низ Германија им е тешко да најдат нов персонал во нивната земја пред Европското првенство, кој делумно ја напушти индустријата за време на пандемијата на коронавирусот.

Синдикатот на вработени во хотелиерството и угостителството НГГ смета дека работниците го свртеле грбот на угостителството и хотелиерството и дека во голема мера не се вратиле по пандемијата поради традиционално ниските саатници.

„Ова, како што покажа анкетата меѓу нашите членови, е главната причина поради која персоналот му врти грб на угостителството“, велат од НГГ.

По правило, рестораните им плаќаат на своите вработени околу 13 евра на час за келнери.

Здруженијата на угостители причината за кадровските проблеми ја гледаат пред сѐ во „академизацијата“ на општеството и демографските промени.

Критичарите на социјалната политика на актуелната власт посочуваат дека на овие работни места тешко се придобиваат милионите бегалци кои од 2015 година пристигнаа во Германија бидејќи по правило социјалните бенефиции се повеќе од заработувачката во угостителството. Покрај тоа, бегалците и барателите на азил генерално не зборуваат доволно добро германски за да работат директно со клиентите.

И покрај проблемите со персоналот, рестораните и хотелиерите очекуваат позитивен биланс на претстојното ЕУРО во Германија и слични поволни ефекти како за време на одржувањето на Мундијалот 2006 во Германија.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Бизнис

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Read more

Доларот конечно зајакна

Read more

Temu и Shein поскапуваат во САД поради царините на Трамп

Read more

Волстрит расте втор ден по ред

Read more
 

Вести

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Читај повеќе

Може ли Украина да се бори без американска помош?

Читај повеќе

Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа: Родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

Читај повеќе

Русија: Подготвени сме да го почнеме мировниот процес, без никакви услови, Украина не одговара

Читај повеќе