Германско разузнавање: Короната дојде од лабораторија во Вухан

Коронавирусот, кој се рашири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина, според германската разузнавачка служба (BND), како што објавија денеска германските и швајцарските медиуми.

„BND поседува јасни докази дека вирусот SARS-CoV-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.

Според овие наводи, германската разузнавачка служба уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“.

Овој заклучок е донесен по анализата на податоците кои стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција со кодно име Saaremaa.

Меркел и Шолц спречиле објавување на податоци

Резултатите од истрагата на BND ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, меѓу кои и неделникот Die Zeit, го спречила објавувањето на овие податоци. Нејзиниот наследник Олаф Шолц го направи истото.

Портпаролката на германската влада денеска одби да ги коментира медиумските написи, велејќи дека владата јавно не ја коментира работата на тајните служби.

Експерти: Недостига последниот доказ

Канцеларијата на германската канцеларка ги дала податоците што ги поседува BND на експертиза на група научници, пишува швајцарскиот Neue Zürcher Zeitung.

Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно сè уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Експертите велат дека недостигаат „конечни докази“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животни на луѓе на фарми.

„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина потекнува од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажала тоа“, рече еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен, коментирајќи ги најновите медиумски извештаи.

Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Read more

Свет

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Read more

Русија го поддржа Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Read more

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Read more

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Read more
 

Вести

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

Читај повеќе