Gerresheimer отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

Германската компанија Gerresheimer денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Станува збор за инвестиција од областа на  фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица.

– Поради ковид-кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука, рече Оливер Бургел, потпретседател на Gerresheimer.

Првиот инвестициски циклус на Gerresheimer е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на Gerresheimer, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

Gerresheimer е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1,5 милијарда евра. Како што истакна Бургел, до 2028 година планираат годишниот обрт да изнесува 3,5 милијарди евра.

На официјалното отворање на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе