„Ghostbusters: Afterlife“ доби брутално искрен трејлер
Во најновиот искрен трејлер на YouTube каналот Screen Junkies се опишани сите нелогичности во новото продолжение на Ghostbusters, наречен Afterlife.
Серијалот Honest Trailers низ пародија кажува многу вистини за филмовите, правејќи хумористичен осврт на дејството и ликовите во омилените, но и во помалку омилените филмови на публиката.
Овој пат, тоа можеме да го видиме и за новиот „Ghostbusters“ филм, во кој екипата на Screen Junkies е брутално искрена.