Вулгарните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за африканските земји што првично наидоа на гнев и остри реакции ширум Африка, некои туристички агенции сега шеговито ги користат за промоција на туристичките атракции на континентот.
Трамп минатата недела на средба со конгресмените за имиграцијата, според коментарите на присутните, рекол дека африканските земји се „септички јами“ (оригинал: shithole countries).
Трамп негира дека го кажал тоа.
Една приватна туристичка агенција од Намибија објави промотивен спот во кој се прикажуваат природните убавини на земјата, а нараторот, имитирајќи го гласот на Трамп, ги повикува луѓето да ја посетат „африканската септичка јама број еден“.
Слична реклама има и на Facebook страница за промовирање на туризмот во Намибија.