Ги кршите шпагетите пред варење? Тоа е еден од „смртните гревови“ според италијанските мајстори

Кој не сака тестенини? Ретки се тие луѓе кои ќе одбијат вкусни потпечени лазањи или карбонара со фусили. Тестенините се убедливо една од првите работи кои учиме да ги готвиме, па да ги научиме правилно основите.

На пример, шпагетите и тестенините слични на нив се толку долги со причина - за да можете добро да ги завиткате околу виљушката, да го соберат сосот како што треба за да се создаде совршен залак.

Кога ги кршите ваквите тестенини правите „смртен грев“, според италијанските мајстори за паста.

Ова е една од најчестите грешки кога готвите тестенини, кои можете да ги прочитате во продолжение.

Ставате масло во водата за варење

Маслото се одвојува и плови на површината на водата, така што нема да спречи лепење на тестенините. Исто така, откако ќе ги исцедите сварените тестенини, маслото ќе се држи на нив и ќе спречи сосот да се врзе, а сигурно не го сакате тоа.

Ако сакате да бидете сигурни дека тестенините нема да ви се залепат, варете ги во многу вода во соодветно голем сад. На тој начин, скробот ќе се расее низ водата и нема да делува како лепак. Правило е да се става литар вода за секои 100 грама тестенини.

Не дочекувате да зоврие водата

Ако сакате вашите тестенини да бидат ал денте, тогаш е важно да го следите ова правило за да бидат тестенините во контакт со водата што е можно пократко. Друг важен аспект е дека врелата вода ќе го желатинизира скробот содржан во тестенините и со тоа ќе го олесни варењето.

Ставате сол пред да зоврие водата

Ако додадете сол во ладна вода, времето потребно за вода да достигне точка на вриење ќе се одложи. Меѓутоа, кога ќе ставите сол во водата откако ќе зоврие, солта ќе ја зголеми температурата и водата ќе биде најжешка што може.

Ја намалувате топлината

Варете ги тестенините на истата јачина цело време, што значи дека треба да одберете јачина на вашиот шпорет што е доволна за варење, но не пресилна. Ако ја намалите температурата на готвење откако еднаш ќе зоврие водата или откако ќе почнат да вријат тестенините, на крајот ќе добиете кашести тестенини, а тоа сигурно не го сакате.

Не пробувате дали се готови

Тестенините треба да бидат доволно меки кога ќе ги загризете, да не се чувствува крцкање, а истовремено да не се премногу меки и да се распаѓаат.

Ако сакате да ги сервирате ал денте, погледнете го пресекот откако ќе го гризнете парчето тестенина - на средина треба да видите тенок дел со побледа боја од останатокот од тестенината. За шпагети, тоа ќе биде точка во средината. На италијански јазик тоа се вика „пунто верде“ (зелена точка) и е знак дека тестенините се ал денте. Откако ќе ја снема таа нијанса, тестенините веќе не се ал денте.

Ги плакнете тестенините по варењето

Многу е важно да не ги плакнете тестенините со вода откако ќе ги исцедите, тоа е голема грешка. На тој начин ќе го отстраните скробот од нивната површина, а тој е клучен за да се спојат тестенините подобро со сосот.

Не ви е подготвен сосот

Кога правите тестенини, сосот подгответе го пред да почнете да ги варите тестенините. Откако ќе се сварат, вратете го сосот на шпорет, нека врие неколку минути, па додадете ги тазе сварените и исцедени тестенини. Ако сосот премногу се згуснал, додадете од водата во која се вареле тестенините – содржи скроб кој го збогатува вкусот и помага сосот да се залепи на пастата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Read more
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе