Ги прашавме скопјани: Дали треба да се плаќа поскап паркинг за SUV возила?

Минатата недела Париз одржа референдум за тоа дали сопствениците на SUV возила треба да плаќаат поскап паркинг во градот.

Граѓаните одлучија дека сакаат тројно поскапи билети за паркирање за сопствениците на овие автомобили, а многумина ја поздравија одлуката како патоказ за градовите ширум Европа кои се обидуваат да ги направат своите улици побезбедни и воздухот почист додека продажбата на тешки возила расте.

„Градовите како Лондон, Амстердам и Копенхаген се пионери во подобрувањето на урбаната средина, ставајќи ја благосостојбата на луѓето и чистиот воздух на прво место“, рече Барбара Стол, директорка на групата за кампањата Clean Cities.

По дилемата дали сопствениците на големи SUV возила треба да полагаат посебен возачки испит, сега се отвора прашањето дали сопствениците на овие големи возила треба да плаќаат и поскап паркинг.

Анкетата што ја направивме со возачи во Скопје по ова прашање покажа дека одговорот и решението не се така едноставни.

Повеќето возачи рекоа дека за да се размислува за поскап паркинг за поголемите возила треба прво да се обележат пошироки паркинг места на паркинзите и во катните гаражи.

Оние кои имаат SUV или возило подолго од стандардните велат дека би платиле поскап паркинг ако добијат и поголемо паркинг место соодветно за нивното возило.

Една скопјанка прашува дали тоа би значело дека ќе има и помали, а со тоа и поевтини, паркинг места за малите градски возила кои зафаќаат и помалку простор од стандардното паркинг место.

Друг возач е дециден: „Зошто да бидеме дискриминирани по основа на тоа какво возило имаме?“.

Сите испитаници се изјаснија дека би излегле да гласаат на референдум на територијата на Град Скопје по ова прашање.

Ниска излезност во Париз

Имајќи го ова на ум, гласањето во Париз сигурно ќе инспирира храбри мерки за ставање на луѓето пред автомобилите. Но, градовите кои сакаат да го намалат бројот на теренци на нивните улици се соочуваат со отпор од сопствениците. Резултатот од гласањето во Париз, кое помина со тесна разлика и со слаб одѕив од само 5 отсто од граѓаните на градот, беше дека 55 отсто од излезените го поддржаа планот.

Одѕивот беше дури и помал од претходниот референдум за забрана на електричните скутери, изјави Брајан Колфилд, професор по транспорт на колеџот Тринити во Даблин.

„Парижаните забележаа многу поголеми промени во транспортот во изминатата деценија од оваа нова мерка за SUV возилата и тоа може да се поврзе со слабиот одѕив.

Транспортните експерти велат дека за да се исчисти секторот, на креаторите на политиката им е потребен микс од „моркови“ како евтин јавен превоз и „стапови“ како даноци за поголемите автомобили. Но, второто се покажа дека е тешко да се „продаде“.

Новите автомобили во ЕУ и Велика Британија растат за 1 сантиметар на секои две години, откри минатиот месец The Guardian, а продажбата на големи луксузни автомобили е зголемена. Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека глобалниот пораст на теренците им штети на напорите за намалување на емисиите, но политичарите вложија малку напори да ја ограничат нивната популарност.

Еден од предизвиците е што обидите наидоа на жесток отпор од автомобилското лоби. Во Германија, напорите за воведување општо ограничување на брзината на автопатите беа критикувани од најмоќните таблоиди и високи министри во земјата како кршење на граѓанските слободи.

„Љубоморни се“

Бернард (82), напуштајќи го избирачкото место, рече дека предлогот на Париз претставува „дискриминација“. Тој додаде дека е мит дека големите автомобили се поопасни од малите и покрај тоа што истражувањата го покажуваат спротивното.

Пензионираниот адвокат рече дека гласал против предлогот бидејќи веќе платил доволно даноци на својот теренец.

„Ако некои можат да си дозволат убави автомобили, други тоа го гледаат како добра причина да бидат љубоморни.“

Париз е на пат да стане првиот главен град кој ќе ги казни тешките автомобили повеќе од полесните, иако слична програма е најавена и во Лион, третиот по големина град во Франција. За таква шема се залагаше и Здружението на германски градови.

Ан Идалго, градоначалничката на Париз, рече дека се надева дека тоа ќе ги инспирира другите градови. Гласањето, исто така, може да испрати сигнал до производителите на автомобили да престанат да произведуваат поголеми автомобили.

Тагови
реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Read more

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Read more

Авто новости

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Read more

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Read more

Автомобили

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе
  • filter

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Читај повеќе

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Читај повеќе

Porsche AG го основа „Домот на спортските автомобили“

Читај повеќе

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе