Бизнис

Ги престигна Apple и Alibaba – нафтениот гигант Aramco доаѓа на берзата на акции

6. декември 2019 - 16:14 | А.С.

Иницијалната јавна понуда (IPO) на саудискиот државен нафтен гигант Aramco ќе биде најголемата во историјата.

Aramco денеска ја одредеи вредноста на акциите за својата IPO, што ја вреднува компанијата на 1,7 илјади милијарди долари, што е повеќе отколку Apple или Microsoft.

Компанијата соопшти дека ќе ги продава своите акции по цена од 32 ријали (8,53 долари) по акција, со што вкупната вредност на делот што го продава изнесува 25,6 милијарди долари.

Тоа го надминува IPO рекордот од 25 милијарди долари на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba Group Holding Ltd поставен во 2014 година.

Aramco, компанија задолжена за експлоатација и производство на сирова нафта од Саудиска Арабија, ќе понуди влог од 1,5% односно 3 милијарди акции.

Се очекува тргувањето со акциите на саудиската берза Tadawul да почне кон средината на декември.

Компанијата продава влог од 0,5% на индивидуални инвеститори кои се граѓани и жители на Саудиска Арабија и 1% на институционални инвеститори.

Коментирај