Ги претркаа Американците - руската филмска екипа се врати од вселената

Руската актерка и режисерот кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (МВС) за да го снимат првиот филм во вселената, вчераутро слетаа на Земјата.

Вселенското летало Soyuz MS-18 што ги носеше Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки, слета во казахстанската степа точно во закажаното време, 4 часот и 36 минути. Руската вселенска агенција го пренесуваше слетувањето на Soyuz во живо.

Роскосмос објави на Twitter дека спуштањето е успешно и дека „тимот се чувствува добро“.

Remote video URL

Космонаутот и филмското дуо на местото на слетување беа поздравени од директорот на руската вселенска агенција, Димитриј Рогозин.

Желбата на рускиот тим, кој полета од космодромот Бајконур во Казахстан на 5 октомври, беше да се „претрка“ ривалскиот американски проект со Том Круз.

Нивниот филм со привремен наслов „Предизвик“ е за жена хирург која патува на МВС за да го спаси животот на еден космонаут.

Во контекст на руско-американското ривалство, оваа филмска авантура потсетува на почетокот на вселенското истражување, 60 години откако тогашниот СССР го испрати во орбитата првиот човек, Јуриј Гагарин.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе