Живот

Ги запали улиците на Њујорк: Ешли Греам трчаше во долна облека

3. декември 2017 - 14:33 | А.С.

Манекенката Ешли Греам учествуваше во снимањето на празничниот календар на списанието „Love“. Оваа година, по светските топ модели Емили Ратајковски, Бела Хадид и други, честа да ја одбележи годината ѝ припадна на Греам.

Нејзината главна цел е да ги потсети жените колку е важно да бидат силни.

„Ги потсетуваме жените да бидат силни бидејќи ние го водиме светот“, рече Ешли (30) која за потребите на кампањата трчаше во долна облека низ улиците на Њујорк.

Во секси видеото објавено на социјалните мрежи, Ешли го истакнува нејзиното прекрасно тело со бујни облини облечена само во долна облека и го потврди нејзиното заложување да им покаже на жените дека треба да го сакаат своето тело.

Коментирај