Гигантот Harley-Davidson се повлекува од најголемиот пазар во светот

Harley-Davidson се повлекува од Индија, најголемиот пазар за мотоцикли во светот.

Легендарниот американски мото-бренд прекина многу производствени погони и ги намалува продажните операции. Одлуката на Harley следи неколку недели откако Toyota соопшти дека нема да се шири повеќе во Индија поради високите даноци во земјата.

Повлекувањето на гигантите е силен удар за индискиот премиер Нарендра Моди кој се мачи да привлече или задржи странски производители во земјата.

Заминувањето на Harley значи трошок од 75 милиони долари за реструктурирање и затворање на фабриката во Бавал, северна Индија. Оваа фабрика беше отворена во 2011 година, но Harley-Davidson се соочи со сериозна конкуренција од локалниот бренд Hero, како и од јапонска Honda.

Во Индија се продаваат околу 17 милиони мотоцикли и скутери годишно.

Иако е поевтина од многу други земји во развој, Индија се покажа како тежок пазар за пробивање на странски автопроизводители. General Motors се повлече од земјата во 2017 година, а Ford лани се согласи да префрли голем дел од својата работа таму во заеднички потфат со индискиот мото-гигант Mahindra & Mahindra.

И американскиот претседател Доналд Трамп се има пожалено за високите даноци во Индија, особено оданочувањата за мотоциклите Harley-Davidson.

Увозните тарифи во Индија беа намалени за 50%, но брендот сепак маки мачеше на конкурентниот пазар. Harley исто така се соочува и со генерални проблеми и за периодот април-јуни годинава ја забележа првата квартална загуба по повеќе од една деценија.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мотори

Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Read more

Harley-Davidson откри важен датум

Read more

AMB 001 Pro е новиот мотоцикл на Aston Martin

Read more

Ducati го претстави својот прв електричен мотоцикл

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе