Гигс: Сакав да ги доведам Мбапе и Жезус за пет милиони во Јунајтед

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, во изјава за англиските медиуми рече дека „Црвените Ѓаволи“ направиле голема грешка што во своите редови не ги довеле Габриел Жезус и Килијан Мбапе.

Велшанецот открива дека уште пред неколку години ги гледал овие двајца млади играчи, односно дека клубот од „Олд Трафорд“ можел да ги доведе во своите редови по цена од само пет милиони фунти.

„Го гледав Габриел Жезус уште пред три години, додека Мбапе го следев цела година. Натпреварите ги следев со скаут и тука немаше за што премногу да се размислува, беше јасно за какви играчи станува збор. На сите и зборував дека треба да ги купиме, а тогаш би не чинеле околу пет милиони фунти. Реков дека треба да ги купиме и да ги испратиме на позајмица додека не созреат, а тоа ќе беше одлична опција“, изјави Гигс за „Times“.

Жезус во оваа сезона постигна осум погодоци во дресот на „Граѓаните“, додека Мбапе на истиот број на постигнати погодоци во француската Лига 1, додаде и осум асистенции.

Манчестер Јунајтед после 18 одиграни натпревари во англиската Премиер лига се ноаѓа на втората позиција со 11 поени помалку од првопласираниот ривал Сити, а во следното коло ги очекува дуелот против Лестер на гостински терен.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе