Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra, која требаше да излезе оваа година, е одложена за 2026, објави издавачот Skydance Games.

Според издавачот, игрицата е одложена за да ѝ се даде време да се „исполира“. Тоа не е лошо, бидејќи секогаш е подобро да се добие целосно завршена игрица отколку полна со грешки. Компанијата вели дека ќе се појави на пазарот во првата половина од 2026 година, така што чекањето нема да биде предолго. Сепак, фановите на Marvel се малку разочарани.
Marvel 1943: Rise of Hydra е наративна авантуристичка игра со четири лика што можат да се играат, вклучувајќи ги и долгогодишните икони како што се Црниот Пантер и Капетан Америка. Како што сугерира името на игрицата, дејството се одвива во окупираниот Париз за време на Втората светска војна.
Игрицата ја развиваат Ејми Хенинг и нејзиното ново студио, кое е подружница на Skydance. Ако нејзиното име ви звучи познато, тоа е затоа што е најпозната по својата улога како креативен директор и писател во Naughty Dog. Хенинг беше главен сценарист на сите три игри Uncharted, како и креативен директор за франшизата Legacy of Kain. Таа има фантастично педигре, па новата игрица на Marvel треба да стане огромен хит.