Samsung Odyssey OLED G6, првиот OLED гејминг монитор во светот со стапка на освежување од 500 Hz, беше најавен од корејската компанија Samsung.
Odyssey OLED G6 прво ќе биде достапен во Сингапур, Тајланд, Виетнам и Малезија, а потоа ќе следи постепено воведување на други светски пазари во текот на годината.
Odyssey OLED G6 (модел G60SF) има дијагонала од 27 инчи и носи целосно ново ниво на гејминг перформанси. Стапката на освежување од 500 Hz е водечка во индустријата, а Samsung најавува и ултрабрз одзив од 0,03 ms (GTG) и QHD резолуција (2.560 x 1.440) која ја овозможува QD-OLED технологијата.
Мониторот е сертифициран со VESA DisplayHDR True Black 500, и поддржува NVIDIA G-SYNC Compatible и AMD FreeSync Premium Pro за уште почисти визуелни ефекти без „кинење“ на сликата, што дава реална предност во играта.
Максималната осветленост му е 1.000 нита, а тука е и Samsung Glare Free технологијата за, како што истакнува корејската компанија, гејмерите да имаат минимални рефлексии на екранот, што им овозможува целосно да се фокусираат на играта. За да се одржи визуелниот квалитет со текот на времето, мониторот е заштитен со OLED Safeguard+ технологија, која помага да се спречи појава на т.н. „burn-in“ дури и при долготрајна употреба.
Odyssey OLED G6 е усогласен и со Pantone палетата, што гарантира репродукција на бои со висока прецизност, со можност за прикажување на повеќе од 2.100 бои и повеќе од 110 SkinTone нијанси од Pantone библиотеката.
Со ова, Samsung го поставува новиот стандард во гејминг мониторите, нудејќи извонредна брзина, врвен визуелен квалитет и имерзија за најпребирливите гејмери ширум светот.