Контра удар на Facebook и Instagram: Дали пак би користеле Myspace?

Експериментот од 150 милиони долари добива продолжение: Myspace повторно ги напаѓа социјалните мрежи.

Сопствениците на некогаш најпопуларната социјална мрежа во светот, Myspace, соопштија дека оваа платформа би можело да се врати во живот, јавајќи го бранот на носталгија и заморот од алгоритми, но аналитичарите предупредуваат дека шансите за успех на пазарот не се големи.

Myspace е основана во 2003 година од Том Андерсон и Крис де Волф, а во 2008 година платформата достигна околу 115 милиони посетители месечно, објавува CNBC.

Беше позната по своите целосно прилагодливи профили, необичен дизајн и познатиот Том Андерсон, кој автоматски беше првиот пријател на секој нов корисник.

Браќата Тим и Крис Вандерхук го купија Myspace во 2011 година, а подоцна се обидоа да го модернизираат за да бидат во чекор со експлозивниот раст на Facebook.

Експериментот не успеа, а браќата Вандерхук тврдат дека и покрај загубата од 150 милиони долари во тоа време, тие чекаат вистински момент за враќање.

Парадоксот е што Myspace би можело да се врати токму кога корисниците го преиспитуваат моделот на социјално вмрежување што некогаш го замени.

Instagram, TikTok, Facebook и другите големи платформи денес главно се потпираат на алгоритми, кратка видеосодржина и постојано привлекување внимание, што предизвикува замор кај некои корисници.

Дел од милениумците и припадниците на генерацијата Z сè повеќе се обидуваат да го намалат времето поминато на социјалните мрежи и се свртуваат кон помали дигитални заедници, што би можело да биде можност за враќање на Myspace.

Сепак, експертите велат дека Myspace ќе се соочи со сериозни пречки ако сака повторно да стане профитабилен.

Корисниците кои го паметат Myspace сега се возрасни со работа и семејства, па прашањето е дали ќе сакаат повторно активно да објавуваат содржина на уште една социјална мрежа.

Во исто време, помладите корисници, кои не го користеле оригиналниот Myspace, очекуваат поедноставен интерфејс, брзо откривање на содржина и кратки видео формати.

Покрај тоа, помалите и средните платформи имаат потешкотии да привлечат огласувачи, а примерите на апликации како Bluesky покажуваат дека почетниот бран на интерес честопати брзо се смирува, проследен со нагло опаѓање на активните корисници.

Myspace планира враќање во време кога низ целиот свет се воведуваат построги регулативи и забрани за користење на социјалните мрежи за малолетници, што дополнително ја комплицира стратегијата за раст, се додава во анализата.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Интернет

Голема промена на YouTube доаѓа на 24 август

Read more

Контра удар на Facebook и Instagram: Дали пак би користеле Myspace?

Read more

„Падна“ Facebook

Read more

Историски пресврт: Луѓето официјално ја загубија војната, ботовите го презедоа интернетот

Read more

Гик

AI реши клучен проблем на Apple во новиот iPhone на преклоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа Брза помош за дефектни роботи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Балканската GTA го тресе интернетот

Читај повеќе

Apple ги претстави iPhone 18 Pro и Duo со иновации што на Android со години ги има

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинезите планираат да вратат примероци од Марс на Земјата во 2031 година

Читај повеќе

Google ќе ги лади своите дата-центри во Финска за 13 милијарди евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Траги од канибализам откриени на древни коски најдени во Шпанија

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Читај повеќе

Project DualPlay Mini на Acer е рачна гејмерска конзола која се претвора во мал лаптоп

Читај повеќе