Главниот виновник што доведе до пад на посетите на Wikipedia за 8% е познат.
Бројот на посети на глобалната онлајн енциклопедија Wikipedia се намали за 8% на годишно ниво, според блогот на вишиот директор за производи и основни искуства на Фондацијата Wikimedia, Маршал Милер.
Падот на посетите на Wikipedia беше забележан по ажурирањето на системот за откривање ботови, кое откри дека дел од претходно „многу високиот“ сообраќај всушност доаѓа од ботови кои се обидуваат да избегнат контрола, додека посетите од реални луѓе се значително помали.
Милер објаснува дека падот на посетите е поврзан со промените во начинот на кој луѓето бараат информации. Генеративната вештачка интелигенција и социјалните мрежи стануваат главен извор на знаење, додека пребарувачите како Google сè повеќе им даваат одговори директно на корисниците, наместо да се повикуваат на извори како Wikipedia.
Покрај тоа, помладите генерации сè повеќе ги користат социјалните мрежи за информации, а помалку пребаруваат на интернет за да стекнат ново знаење, објавува Tech Crunch.
Фондацијата предупредува дека намалувањето на посетите на Wikipedia би можело да влијае на бројот на волонтери кои уредуваат содржини и донатори кои ја поддржуваат работата на онлајн енциклопедијата.