Го продавате вашиот смартфон?

Неколку чекори што не смеете да ги прескокнете ако сакате да ги заштитите вашите податоци.

Пред да започнете со каков било процес на бришење, апсолутен приоритет е изработка на безбедносна копија од сите податоци што сакате да ги сочувате. Губење на скапоцени спомени, важни контакти или деловни документи би било непотребен стрес.

Многумина веруваат дека едноставното враќање на фабрички поставки е доволно за безбедно бришење на податоците пред продажба на телефонот, но таа претпоставка може да биде исклучително опасна. Експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека податоците од уредите што се само ресетирани често може да се повратат со помош на специјализирани алатки.

Во едно истражување, експерт купил 30 половни уреди и со леснотија успеал да врати избришани податоци, вклучително и банкарски информации, лозинки, приватни документи и фотографии. Обичното бришење датотеки само ја отстранува насоката кон нив, додека самите податоци остануваат во внатрешната меморија на уредот сè додека не бидат препишани со нови. Тоа значи дека вашите најинтимни податоци, од финансиски детали до приватни пораки, може да завршат во рацете на комплетен странец. Поради тоа е неопходно да се преземат сеопфатни чекори за да се обезбеди податоците не само да се избришат, туку и трајно да се уништат.

Приоритет е изработка на безбедносна копија

Пред да започнете со било каков процес на бришење, апсолутен приоритет е изработка на безбедносна копија од сите податоци што сакате да ги сочувате. Губење на скапоцени спомени, важни контакти или деловни документи би било непотребен стрес.

Корисниците на Android уреди можат да се потпрат на Google за едноставно архивирање. Во поставките на телефонот, под опцијата Google, ќе ја најдете ставката „Безбедносна копија“ која овозможува автоматско зачувување на податоци од апликации, историја на повици, контакти и поставки на Google Drive. За фотографии и видеа, Google Photos нуди практично Cloud решение.

Корисниците на iPhone имаат две основни опции. Најлесна е изработката на безбедносна копија преку iCloud, што може да се направи директно од уредот со одење во Поставки > [вашето име] > iCloud > iCloud Backup. Алтернативно, може да го поврзете iPhone со компјутер и да користите Finder (на понови macOS системи) или iTunes (на постари macOS и Windows системи) за создавање целосна локална копија.

Следниот чекор е одјава од сите сметки

Откако сте сигурни дека податоците се зачувани, следен клучен чекор е одјава од сите сметки поврзани со уредот. Ова спречува две големи опасности: неовластен пристап до вашите сметки и заклучување на уредот за новиот сопственик.

На Android телефони, треба да одите во Поставки > Сметки (или Корисници и сметки) и рачно да го отстраните секој Google профил. Тоа е клучно за деактивација на функцијата Factory Reset Protection (FRP), безбедносен механизам што спречува користење на телефонот по ресетирање без податоци на претходниот сопственик.

Кај iPhone, процесот е централизираен. Со одење во Поставки > [вашето име] и избор на „Одјава“ на дното од менито, ќе се исклучат "Find My iPhone" и "Activation Lock", со што уредот ќе се ослободи од вашиот Apple ID. Исто така, извадете ја SIM-картата и евентуална microSD мемориска картичка од уредот.

Подготвителни активности

Пред крајното бришење, постојат неколку подготвителни чекори специфични за секој оперативен систем.

Кај Android, особено постарите уреди, се препорачува проверка и активирање на енкрипција. Иако на повеќето модерни уреди (од верзија 7 па натаму) енкрипцијата е автоматски вклучена, проверка во Поставки > Безбедност > Шифрирање не штети. Шифрирањето значи дека и ако некој поврати делови од податоци, тие нема да бидат читливи без клуч за дешифрирање.

Кај iPhone, потребни се дополнителни чекори: поништување на спарување со Apple Watch, рачно бришење на кредитни/дебитни картички во Поставки > Wallet и Apple Pay. Иако конечното бришење би ги отстранило, ова нуди дополнителна сигурност.

Враќање на фабрички поставки

Откако сите чекори се завршени, време е за враќање на фабрички поставки.

На Android тоа се прави преку Поставки > Систем > Опции за ресетирање > Избриши ги сите податоци (враќање на фабрички поставки). Уредот ќе побара повеќе пати потврда пред да почне процес кој може да трае неколку минути. За поголема безбедност (особено на постари уреди) се препорачува методот „overwriring“  - по првото фабричко враќање, наполнете ја меморијата со случајни податоци (на пример, со снимање видеа додека не се пополни меморијата), па извршете уште едно враќање на фабрички поставки.

Кај iPhone процесот е значително полесен

Apple ја прави процедурата безбедна и едноставна благодарение на силната хардверска енкрипција. Откако ќе се одјавите од iCloud и Apple ID, влезете во Поставки > Општо > Пренос или ресетирање на iPhone > Избриши цела содржина и поставки. Ќе биде побарана шифра за уредот и можна лозинка за Apple ID како последна проверка. Со тоа не само што се бришат податоците, туку и се уништуваат клучевите за енкрипција, што ги прави преостанатите податоци на чиповите целосно неупотребливи. Ако користевте eSIM, ќе бидете прашани дали сакате да го задржите или избришете и мобилниот план – за продажба е препорачливо да се избрише.

По завршување на процесот, телефонот ќе се рестартира и ќе прикаже почетен екран како кога бил изваден од кутија. Ова е потврда дека уредот е подготвен за нов сопственик. Ако пак ви побара лозинка или сметка од претходниот сопственик, тоа значи дека чекорите за одјава не биле правилно извршени и мора да се повторат.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Мобилни

Samsung во јули ја исклучува апликацијата Messages

Read more

За кои модели Samsung ги прекинува ажурирањата засекогаш?

Read more

Apple ја подготвува најзначајната ревизија во историјата на iPhone

Read more

iPhone има скриена опција: Вашиот телефон ќе се забрза веднаш!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците очајни: Регрутираат гејмери ​​да работат како контролори на летање

Читај повеќе