Кој бренд е неоспорен лидер во продажбата на смартфони?

Според податоците од аналитичката компанија IDC, Samsung беше лидер на светскиот пазар на паметни телефони во текот на вториот квартал од 2025 година, пред Apple и Xiaomi.

Во периодот од април до јуни, компанијата испорача 58 милиони уреди, што претставува зголемување од речиси 8% во споредба со истиот период минатата година, кога беа испорачани 53,8 милиони уреди. Со таа бројка, Samsung сега држи речиси 20% од глобалниот пазар.

Сепак, во споредба со првиот квартал од оваа година, има пад - тогаш Samsung испорача околу 60 милиони уреди, што главно се припишува на силната продажба на серијата Galaxy S25. Овој пат, растот го поттикнаа телефоните од серијата Galaxy A, која е популарна по својот поволен сооднос цена-квалитет, како и сигурната софтверска поддршка.

На второ место е Apple, кој испорача 46,4 милиони iPhone уреди - што е раст од 1,5% во споредба со истиот период минатата година. Се очекува мал пад на интересот бидејќи повеќето корисници ја чекаат новата генерација на iPhone, која традиционално пристигнува во третиот квартал. Трет е Xiaomi со испорачани 42,5 милиони уреди и пазарен удел од 14,4%.

На четвртото место е Vivo со 27,1 милиони испораки и удел од 9,2%. На петтото место е Transsion, што може да им биде изненадување на многумина, но треба да се има предвид дека оваа компанија е сопственик на сè попопуларните брендови Infinix и Tecno. Заедно, тие испорачаа 25,1 милиони телефони, што им дава ист пазарен удел како Vivo.

Samsung би можел дополнително да ја зајакне својата позиција со помош на новопретставените преклопни телефони Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, додека од друга страна, се очекува Apple наскоро да возврати со серијата iPhone 17 - вклучувајќи го и сосема новиот модел наречен iPhone 17 Air.

Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Мобилни

Hisense претстави паметен телефон со e-ink дисплеј и одвојлив LCD екран

Read more

Инсајдерите со нови информации за преклопниот iPhone Ultra

Read more

Црна листа: Кои Samsung телефони нема да ја добијат новата надградба?

Read more

Пеколно лето: Зошто е важно да го заштитите телефонот од прегревање?

Read more

Гик

6 најдобри бесплатни игри за на телефон

Читај повеќе

Контра удар на Facebook и Instagram: Дали пак би користеле Myspace?

Читај повеќе

Хуманоидниот робот на Boston Dynamics сам си ја менува батеријата и продолжува да работи

Читај повеќе

Кина ќе гради станица на Месечината со помош на четириножни роботи

Читај повеќе

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција создаде нови вируси: Можат и да се размножуваат

Читај повеќе

Крај за популарната серија Galaxy: Samsung го потврди последното големо ажурирање

Читај повеќе
  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе