Realme претстави телефон со батерија од 10.000 mAh!

Компанијата realme го претстави новиот паметен телефон P4 Power 5G, кој се издвојува по капацитетот на батеријата од 10.001 mAh.

Станува збор за модел од серијата P, наменет за корисници за кои автономијата е еден од клучните критериуми при избор на телефон.

Според производителот, батеријата користи технологија silicon carbon anode, а Realme истакнува дека уредот одржува дебелина на куќиштето од 9,08 mm и тежина од 219 грама, и покрај големиот капацитет.

Телефонот е дизајниран да работи во температурен опсег од -30 до 56 степени Целзиусови, а батеријата е тестирана за отпорност на притисок, падови и преполнување. P4 Power 5G доби TÜV сертификат.

Уредот поддржува брзо полнење од 80W, при што батеријата, според фабричките податоци, се полни до 50% за околу 36 минути. Исто така, поддржано е и обратно полнење од 27W, што овозможува телефонот да се користи како извор на енергија за други уреди.

Realme наведува дека батеријата задржува повеќе од 80% капацитет по до 1.650 циклуси на полнење.

Кога станува збор за хардвер, realme P4 Power 5G се напојува со чипсетот MediaTek Dimensity 7400 Ultra 5G. Телефонот е опремен со AMOLED екран со брзина на освежување од 144 Hz, максимална декларирана осветленост до 6.500 нити и поддршка за прикажување на 1,07 милијарди бои.

Во однос на дизајнот, уредот има заден дел кој е поделен на два дела - долен дел со мат завршница и горен дел со транспарентен сегмент преку кој се видливи внатрешните елементи.

Од додатоци и заштита, realme наведува IP66, IP68 и IP69 сертификати, заштита на екранот од Corning Gorilla Glass, надградени звучници со засилен излез и софтвер realme UI 7.0. Информациите за цената и достапноста на домашниот пазар засега не се објавени.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Мобилни

Колку вашиот телефон знае за вас и што прави со тие податоци?

Read more

Маани на првиот свитлив iPhone: Екранот е мек на допир, се прават набори

Read more

Apple објави ценовник: Колку ќе ве чини поправка на iPhone Duo?

Read more

Продажбата на телефони паѓа, а цените скокнаа за 20%

Read more

Гик

  • play_arrow

GTA VI ќе биде најскапата видеоигра во историјата

Читај повеќе

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Читај повеќе

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Читај повеќе

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Читај повеќе

Дали на Марс се кријат живи вулкани?

Читај повеќе

Што се смени: Нормалната телесна температура повеќе не е 37°C? 

Читај повеќе

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Читај повеќе

Идентификуван диносаурус што јадел овошје

Читај повеќе

Apple издаде итно предупредување за корисниците на iPhone

Читај повеќе