Xiaomi ја претставува серијата Xiaomi 17 и Leica Leitz Phone, серијата Xiaomi Pad 8 и нови AIoT уреди за носење

Xiaomi денес ја претстави својата нова генерација уреди од серијата Xiaomi 17, демонстрирајќи ги најновите достигнувања во областа на мобилните технологии. Во таа прилика беа претставени и серијата Xiaomi Pad 8, но и нови AIoT производи и дополнителна опрема, меѓу кои се Xiaomi Electric Scooter 6, Xiaomi Watch 5, Xiaomi UltraThin Magnetic Power Bank 5000 15W, Xiaomi Tag и REDMI Buds 8 Pro, кои ги комбинираат паметните перформанси, софистицираниот дизајн и беспрекорната поврзаност за секојдневниот живот.

Еден од клучните моменти на денешната најава беше унапредувањето на партнерството со компанијата Leica. Досегашната соработка во истражувањето и развојот прерасна во стратешко партнерство кое опфаќа заедничка работа во сите фази од развојот на производите.

Развиени во рамките на овој унапреден модел на соработка, Xiaomi 17, Xiaomi 17 Ultra и Leica Leitz Phone powered by Xiaomi поставуваат нови стандарди во мобилната фотографија, комбинирајќи ги врвните перформанси на системот камери со елегантен дизајн, издржлива конструкција и подобрена ергономија. Со повеќе од еден век Leica искуство во областа на визуелната уметност и оптиката, серијата Xiaomi 17 носи целосно „флегшип“ искуство на паметен телефон, поставувајќи ги водечките перформанси за фотографирање и снимање видео во самиот центар на корисничкото доживување.

Безвременски дизајн и Xiaomi Guardian структура

Серијата Xiaomi 17 носи минималистички, елегантен дизајн со чисти линии и внимателно обликувани рабови кои пружаат сигурно и удобно чувство во раката. Благодарение на унапредената LIPO технологија на изработка, ултра-тенките рамки овозможуваат речиси целосно искуство на екранот, притоа задржувајќи ја цврстината и ергономијата.

Најтенкиот и најлесниот Ultra модел досега, Xiaomi 17 Ultra, е со дебелина од само 8,29 mm и тежина од околу 218 g. Се карактеризира со рамна рамка, исклучително тенки рамки на екранот и дискретно редизајниран модул на камерата. Покрај софистицираниот изглед, издржливоста ја обезбедува Xiaomi Guardian структурата, со унапредено Xiaomi Shield Glass стакло, зајакната рамка и IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина.

Покомпактниот Xiaomi 17, со дебелина од 8,06 mm и тежина од 191 g, носи моќни перформанси, напредни можности за фотографирање и долготрајна батерија во лесно и елегантно куќиште. Редизајнираниот модул на камерата и исклучително тенките рамки дополнително го нагласуваат модерниот, премиум карактер на уредот, додека и кај овој модел Guardian структурата гарантира долготрајност и сигурност.

Xiaomi и Leica: нова фаза на стратешка соработка

Xiaomi го претстави унапредениот модел на партнерство со компанијата Leica, подигнувајќи ја досегашната соработка на стратешко ниво што подразбира подлабока интеграција во сите фази на развојот на производот.

Xiaomi 17, Xiaomi 17 Ultra и Leica Leitzphone powered by Xiaomi се развиени во рамките на овој модел и поставуваат нови стандарди во мобилната фотографија. Благодарение на Leica оптиката и напредната обработка на слика, уредите даваат исклучителни резултати во сите услови на осветлување, со верни бои, богати детали и професионална контрола.

Xiaomi 17 Ultra ја носи првата Xiaomi 1-инчна LOFIC главна леќа, како и Leica 200MP телефото камера со механички оптички зум од 75–100 mm и можност за проширување до 400 mm еквивалентна фокусна должина. Системот е прилагоден и за професионално видео, со 4K снимање до 120 fps, Dolby Vision и напредни опции за колор градација.

Xiaomi 17 во покомпактен формат нуди моќен систем камери со голем сензор и Leica телефото објектив, со унапредена предна камера од 50 MP. Поддржано е 4K Dolby Vision снимање, што овозможува доследен квалитет и во фотографијата и во видеото.

За дополнително професионално искуство, Xiaomi 17 Ultra поддржува унапредени фотографски додатоци, вклучувајќи ги Photography Kit и Photography Kit Pro, кои носат ергономски грип (рачка), физичко копче за сликање и дополнителна батерија, доближувајќи го мобилното фотографирање до искуството на работа со класичен фотоапарат.

Врвни перформанси и нова генерација батерии

Серијата Xiaomi 17 е придвижувана од најновата Snapdragon 8 Elite Gen 5 платформа, осмислена за сложени задачи како напредна обработка на фотографии и видео, мултитаскинг и мобилен гејминг.

Серијата носи и нова генерација на Xiaomi Surge батерија со зголемен капацитет и ефикасност. Xiaomi 17 Ultra поседува батерија со капацитет од 6000 mAh, додека Xiaomi 17 оди и чекор понатаму со 6330 mAh, со поддршка за брзо жично и безжично полнење. И покрај моќните батерии, уредите го задржуваат тенкиот и лесен профил.

Напредна технологија на екранот

Двата модели се опремени со OLED екрани со врвна осветленост до 3.500 нити, со адаптивно освежување од 1 до 120 Hz, што обезбедува флуидно и пријатно искуство на гледање. Xiaomi 17 Ultra дополнително ја воведува HyperRGB технологијата за уште поголема јасност и енергетска ефикасност.

Leica Leitzphone powered by Xiaomi

По повод 100 години постоење на компанијата Leica, претставен е Leica Leitzphone powered by Xiaomi, уред што го спојува дизајнерското наследство на Leica и технолошките иновации на Xiaomi. Се карактеризира со алуминиумско куќиште со препознатливи Leica детали, како и специјално прилагоден кориснички интерфејс фокусиран на автентично фотографско искуство.

Посебно внимание привлекува Leica Camera Ring, физички прстен за контрола кој дава чувство на работа со вистински фотоапарат, како и Leica Essential режимот кој го рекреира визуелниот стил на култните Leica модели.

Проширување на Xiaomi екосистемот

Со новата серија Xiaomi 17, компанијата дополнително го зајакна својот поврзан екосистем со претставување на новата генерација AIoT уреди. Во фокусот се мобилноста, технологијата за носење и паметните решенија за секојдневието.

Серијата Xiaomi Electric Scooter 6 носи подобрени перформанси, поголема автономија и дополнителни безбедносни функции, правејќи ги градските возења постабилни и поефикасни.

Xiaomi Watch 5, базиран на Wear OS платформата, го комбинира напредното следење на здравјето и активностите со подлабока интеграција на Google сервисите и Xiaomi HyperConnect функциите, овозможувајќи едноставна контрола и поврзување со други уреди.

Понудата ја надополнуваат Xiaomi UltraThin Magnetic Power Bank 5000 15W, Xiaomi Tag и REDMI Buds 8 Pro, со напредно активно поништување на шум и поддршка за просторен звук.

По повод почетокот на продажбата, Xiaomi подготви и посебни промотивни поволности за купувачите на новата генерација уреди. Со купување на модел од серијата Xiaomi 17, купувачите на подарок добиваат Xiaomi Robot правосмукалка S40, Xiaomi 90W HyperCharge полнач Combo Type 1 и Xiaomi Sound Outdoor.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Мобилни

Hisense претстави паметен телефон со e-ink дисплеј и одвојлив LCD екран

Read more

Инсајдерите со нови информации за преклопниот iPhone Ultra

Read more

Црна листа: Кои Samsung телефони нема да ја добијат новата надградба?

Read more

Пеколно лето: Зошто е важно да го заштитите телефонот од прегревање?

Read more

Гик

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе

6 најдобри бесплатни игри за на телефон

Читај повеќе

Контра удар на Facebook и Instagram: Дали пак би користеле Myspace?

Читај повеќе

Хуманоидниот робот на Boston Dynamics сам си ја менува батеријата и продолжува да работи

Читај повеќе

Кина ќе гради станица на Месечината со помош на четириножни роботи

Читај повеќе

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција создаде нови вируси: Можат и да се размножуваат

Читај повеќе

Крај за популарната серија Galaxy: Samsung го потврди последното големо ажурирање

Читај повеќе
  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе