Аутизмот поврзан со рана изложеност на вообичаен додаток во пластиката

Австралиски научници објавија истражување што ја поврзува зголемената изложеност на пластификаторот DEHP за време на бременоста со генетски промени и поизразени знаци на аутизам и АДХД кај децата.

Ди-(2-етилхексил) фталат, познат како DEHP, често се додава во пластиката за да ја направи пофлексибилна. Се наоѓа во бројни секојдневни производи – од црева и кабаници до медицинска опрема и пластични кеси за храна – и припаѓа на групата фталати кои можат да ги имитираат хемикалиите неопходни за производство на хормони, според порталот New Atlas.

Истражувачите од Институтот за невронаука и ментално здравје „Флори“ (Florey Institute of Neuroscience and Mental Health) ги споредиле резултатите од анализите на крвта и урината на бремени жени со проценките на однесувањето на нивните деца. Како дел од студијата Barwon Infant Study, ја анализирале крвта од папочната врвца и нивоата на пренатална изложеност на DEHP, при што утврдиле поврзаност помеѓу зголемените нивоа на оваа хемикалија во урината на мајката, промените во функционирањето на стотици гени и релативното зголемување на знаците за аутизам и АДХД на возраст од 2 и 4 години.

Резултатите открија силна корелација помеѓу мрежа од над 500 гени кои покажуваат епигенетски промени, нивоата на DEHP и однесувањата поврзани со аутизам и АДХД. Епидемиологот Ен-Луиз Понсонби од Универзитетот во Мелбурн изјави: „Речиси сите жени во оваа австралиска студија покажаа изложеност на вообичаената хемикалија DEHP“.

Дополнителни испитувања на независно собрани примероци од крв и постмортално ткиво од мозок го поткрепија заклучокот дека DEHP може да го измени начинот на кој се експресираат гените. Сепак, истражувачите забележуваат дека се воочени разлики помеѓу резултатите од тестовите на крвта и постморталните анализи, што може да ја отежни интерпретацијата на основниот механизам.

Мирко Уљаревиќ од Институтот за истражување на здравјето на децата (The Kids Research Institute), кој не бил вклучен во студијата, предупреди дека ова е опсервациска студија и не може да докаже причинско-последична врска. Тој додаде: „Сепак, аутизмот, АДХД и другите невроразвојни состојби се мултифакторни нарушувања што произлегуваат од комбинираното влијание на бројни генетски и еколошки фактори; затоа, малку е веројатно дека која било поединечна изложеност од овој вид сама по себе значително ќе го промени ризикот за конкретно дете“.

Авторите сметаат дека резултатите го отвораат патот за понатамошни истражувања и ја истакнуваат важноста на безбедносните прописи во врска со преработката и пакувањето на храната, особено во однос на заштитата на бремените жени и малите деца.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Наука

Дали конечно е решена мистеријата за „двете лица“ на Месечината?

Read more

Глечерот „Судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Што се крие под мразот?

Read more

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Read more

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Read more

Гик

Apple објави ценовник: Колку ќе ве чини поправка на iPhone Duo?

Читај повеќе

Дали конечно е решена мистеријата за „двете лица“ на Месечината?

Читај повеќе

Глечерот „Судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Што се крие под мразот?

Читај повеќе

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Читај повеќе

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Читај повеќе

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Читај повеќе

WhatsApp воведува голема промена

Читај повеќе

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Читај повеќе

Продажбата на телефони паѓа, а цените скокнаа за 20%

Читај повеќе