Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Минијатурни човечки органи и ткива наскоро ќе бидат одгледувани од клетки на пациенти на британскиот Национален здравствен систем (НХС) во историски обид да се подобри тестирањето за лекови и драстично да се намали бројот на животни што се користат во медицинските истражувања.

Научниците ќе користат колекции на ткива, познати како „органоиди“, за да откријат зошто одредени болести се манифестираат различно кај различни пациенти. Ова ќе им помогне да утврдат кои третмани се најдобри за одредени луѓе, врз основа на специфичната патологија што лежи во основата на нивната состојба.

Овој потег означува големо отстапување од традиционалната употреба на животни како модели за човечки болести. Истражувачите веруваат дека тестовите директно базирани на човечкото ткиво се многу поточни и посигурни.

„Ова ќе има огромно влијание врз бројот на животни што се користат и начинот на кој развиваме нови лекови во иднина“, рече Матиас Зилбауер, професор по гастроентерологија на Институтот за матични клетки во „Кембриџ“.

Нагласи дека ова не значи дека тестирањето врз животни ќе биде целосно напуштено во блиска иднина, пишува Guardian.

Научниците одгледуваат колекции од човечки органи повеќе од една деценија. Досегашните тестови покажаа дека парчињата ткиво помали од милиметар можат верно да ги одразат клучните карактеристики на органите во полна големина, вклучително и како тие реагираат на болести и лекови.

Историски гледано, повеќе од 90% од лековите што поминуваат тестирање на животни завршуваат неуспешно на клиничките испитувања кај луѓето, сериозно доведувајќи ја во прашање вредноста на ваквите тестови.

„Многу човечки болести или не се јавуваат кај животните или се јавуваат на сосем различни начини. Сакаме тестови што можат да ни кажат кои третмани функционираат кај кои пациенти, а глувците едноставно не можат да ни го кажат тоа“, објаснува професорот Зилбауер.

Новиот проект, кој ќе се спроведува во истражувачки центар во „Кембриџ“, е финансиран со 20 милиони фунти од Советот за медицински истражувања. Целта е да се создаде библиотека од стандардизирани органоиди што ќе им биде достапна на академијата и фармацевтската индустрија.

Минатата година во Обединетото Кралство биле спроведени 2,54 милиони тестови на животни (пад од 3,8% во однос на претходната година). Иако глувци, стаорци, риби и птици се користат во 90% од случаите, загрижувачки е фактот што посебно заштитени видови како кучиња, мачки, коњи и мајмуни се користат во 1% од случаите.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Наука

James Webb и Hubble открија 27 нови објекти што кружат околу Сонцето далеку зад Нептун

Read more

Аутизмот поврзан со рана изложеност на вообичаен додаток во пластиката

Read more

Кинезите планираат да вратат примероци од Марс на Земјата во 2031 година

Read more

Траги од канибализам откриени на древни коски најдени во Шпанија

Read more

Гик

Како Google Maps и Waze секогаш знаат каде има полиција?

Читај повеќе

Шефот на OpenAI: Светот со право стравува од вештачката интелигенција

Читај повеќе

Дали вонземјаните ни имаат оставено траги во прашината на Месечината?

Читај повеќе

Американските дата центри користат повеќе вода од сите градови во Калифорнија

Читај повеќе

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Читај повеќе

Деформација на тачпедот е знак за опасен дефект на лаптопот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп призна дека користи AI, ама не кажува за кои цели

Читај повеќе

James Webb и Hubble открија 27 нови објекти што кружат околу Сонцето далеку зад Нептун

Читај повеќе

Менувам бубрег за iPhone 

Читај повеќе