Расте бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 26.05.2025 / 19:44

Бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија бележи значителен пораст, покажуваат најновите податоци од пребројувањето спроведено од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци.

Фото: Боби Кузманоски

Оваа гнездечка сезона се потврдени 19 до 20 активни двојки, што претставува највисока бројка од 2010 година наваму.

Од вкупниот број, 9 двојки се гнездат во колонијата во Демиркаписката Клисура, додека 10 до 11 двојки се сместени во колонијата на Тиквешкото Езеро. Ова е значаен напредок, имајќи предвид дека во 2018 година, поради честите инциденти со труења на Балканот, популацијата беше сведена на само 6 двојки.

Позитивниот тренд се должи на интензивирањето на борбата против користењето на отровни мамки, особено преку проектот BalkanDetox LIFE, финансиран од Европската Унија. Дополнително, поставувањето на ГПС локатори на голем број птици од страна на експерти од Македонија, Бугарија и Грција овозможи нивно постојано следење и навремена реакција при опасност од труење. Овие мерки овозможуваат и превентивно делување, што значително придонесе за зголемување на бројноста на мршојадците низ целиот Балкански Полуостров, информираат од Македонското еколошко друштво.

Во моментов, најмалку 16 млади пилиња се наоѓаат во гнездата, минувајќи низ најризичниот период од својот живот – достигнување целосна големина и осамостојување. Во овој период тие се соочуваат со сериозна закана од недостиг на храна, бидејќи нивната исхрана главно се состои од угинати диви и домашни животни. Затоа, мрежата на хранилишта во регионот треба да се прошири за да им се зголемат шансите за опстанок.

Македонското еколошко друштво изразува надеж дека со натамошна работа и малку среќа, во следните неколку години ќе биде надмината бројката од 25 двојки – праг што пред повеќе од две децении се сметаше за критично низок кога започнаа напорите за нивна заштита.

Белоглавиот мршојадец останува еден од најзначајните индикатори за здравјето на екосистемот, а неговото закрепнување е резултат на долгорочна и координирана еколошка акција и регионална соработка.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Наука

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Алхемија во XXI век: Како бактеријата ја претвора пластиката во лек за Паркинсон?

Read more

Зошто небото над Австралија вчера беше црвено?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците очајни: Регрутираат гејмери ​​да работат како контролори на летање

Читај повеќе

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Читај повеќе

Нови ограничувања на Instagram за тинејџерите

Читај повеќе

Скриен Windows трик за кој малкумина знаат

Читај повеќе

Meta развива AI клон на Марк Закерберг

Читај повеќе

Вештачката интелигенција прави грешки во дијагнозите во повеќе од 80% од случаите

Читај повеќе