Европската вселенска агенција обезбеди рекорден буџет

Следната година Европејците одат на Месечината

Европската вселенска агенција (ESA) работи на европска независност во всемирот, а следната година планира да испрати Германец на Месечината.

Европската вселенска агенција (ESA) во вторникот соопшти дека обезбедила рекорден буџет од 22,1 милијарди евра за финансирање на своите програми во следните три години. Европа настојува да постигне поголема самостојност во вселената, пренесува Deutsche Welle.

ESA исто така одобри план за зајакнување на одбранбената соработка и ги претстави плановите за научни вселенски мисии на состанокот на министерскиот совет во Бремен. Државите членки на ESA, вкупно 23, се обврзаа на пет милијарди евра повеќе отколку во буџетот за 2022 година, а вкупниот износ претставува скоро целиот износ од 22,2 милијарди евра (25,7 милијарди долари) што Агенцијата го побара.

„Никогаш досега не се случило нешто вакво, износот на собраните средства говори многу – тоа е знак на доверба во Агенцијата“, рече на состанокот генералниот директор Јозеф Ашбахер.

Во центарот на расправите во Бремен беше програмата European Resilience from Space, која опфаќа набљудување на Земјата, навигација и телекомуникации. Програмата со проценет буџет од 1,35 милијарди евра има цивилна и воена намена. „Одбраната секогаш е прашање на национален суверенитет“, рече Ашбахер. „Но заедничкото користење и размена на средствата има и европска димензија.“

Еден пример е „зголемување на бројот на набљудувања и сателитски снимки за разузнавачки и надзорни цели“, додаде тој.

Доколку САД и Кина продолжат да градат големи созвездија од сателити, а Европа не преземе ништо, Ашбахер стравува дека „ќе се повтори истото што се случи со Starlink – ќе доминира американска компанија која ќе им се заканува на европските фирми и на нашата позиција“.

Германија најмногу придонела во буџетот, со повеќе од пет милијарди евра, а по неа следи Франција со 3,7 милијарди евра.

Ракети и телескопи

Индустријата значително се промени во последните години откако SpaceX на Илон Маск почна да доминира во лансирањата во вселената. Европа го изгуби независниот начин за лансирање на своите мисии во вселената откако Русија ги повлече своите ракети по инвазијата на Украина во 2022 година.

По неколкуте одложувања, новата европска ракета Ariane 6 конечно беше лансирана минатата година. Сепак, за разлика од носачот Falcon 9 на SpaceX, таа не може да се користи повеќекратно. ESA планира развојот на првата ракета за повеќекратна употреба на континентот да му го довери на приватни компании и објави потесен избор на можни кандидати.

Во Бремен, програмата European Launcher Challenge доби повеќе од 900 милиони евра придонеси – двојно повеќе од првично предложеното, изјави Ашбахер. Зголемувањето на финансирањето за ESA доаѓа во време кога американската вселенска агенција NASA се соочува со големи буџетски кратења под власта на претседателот Доналд Трамп. Сепак, ESA оваа недела соопшти дека NASA потврдила оти ќе придонесе за европскиот ровер за на Марс, Rosalind Franklin. Мисијата е планирана за 2028 година и предвидува дупчење на површината на Марс во потрага по траги на вонземски живот.

Меѓу научните проекти што ESA ги предложи за иднина, но кои сè уште не се одобрени, е и првиот вселенски ласерски опсерваториум наменет за проучување на гравитациските бранови. Тоа се бранови во простор-времето што прв ги предвидел Алберт Ајнштајн.

Вториот проект е рендгенскиот телескоп NewAthena, кој би ги проучувал екстремните појави во вселената, како што се супермасивните црни дупки. Постои и план за испраќање летало на сатурновата месечина Енкелад, за кој научниците се сомневаат дека би можело да има течен океан под својата ледена кора, во кој е можен живот.

ESA има и заеднички предлог со Јапонија за испраќање летало наречено Ramses, кое би го проучувало астероидот Апофис што ќе пролетува покрај Земјата во 2029 година, со надеж дека ќе се дознае повеќе за тоа како во иднина да се одбраниме од опасни вселенски карпи.

Европски астронаути на Месечината?

ESA во четврток исто така објави дека првите европски астронаути кои ќе учествуваат во програмата Artemis на NASA, со која луѓето повторно ќе се вратат на Месечината, ќе бидат од Германија, Франција и Италија. „Денес можам да објавам дека првиот лет ќе му биде доделен на германски астронаут“, изјави Ашбахер на маргините на состанокот.

Првата екипажна мисија од програмата што ќе патува до Месечината, но нема да слета на неговата површина, е планирана за лансирање во првата половина од следната година. Францускиот астронаут Тома Песке, еден од главните кандидати од својата земја, рече дека „тоа досега никогаш не било официјално потврдено, така што ова е позитивно“.

„Тоа значи дека Европа има свое место во оваа авантура“, додаде тој.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Наука

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните

Read more

Темната енергија станува сè почудна: На универзумот му се заканува Големо собирање

Read more
 

Гик

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе