Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Google ја лансираше функцијата Ask Maps базирана на Gemini во апликацијата Google Maps во март оваа година, а сега таа доби голем пакет подобрувања.

Најважната нова функција е можноста корисниците да нарачуваат храна директно преку апликацијата. Тие едноставно можат да му кажат на Ask Maps што сакаат да јадат, а апликацијата ќе пронајде отворени ресторани по нивната рута кои нудат она што го посакуваат.

По изборот на ресторан, Ask Maps може директно да го додаде посакуваното јадење во кошничката, по што корисникот може да ја прегледа својата нарачка и да го заврши процесот на купување. Ова се воведува „во соработка со партнери како Square и Toast, а наскоро ќе биде достапен и Uber Eats“, вели компанијата во својот блог пост на оваа тема.

Ask Maps исто така им овозможува на корисниците да откриваат информации за локални хотели и настани. Може да споредува цени во реално време и да проверува достапност, со линкови за резервација на хотели или купување билети за настани.

Корисниците можат безбедно да го поврзат Ask Maps со Gmail преку функцијата за лична интелигенција, и ако го сторат тоа, Ask Maps ќе знае информации за претстојни летови или резервации за вечери од нивните е-пошти. Ова значи дека може да им понуди на корисниците работи како препораки во близина врз основа на нивните хотелски резервации. Интеграцијата на Gmail е исклучена по дифолт. Ако историјата е вклучена, Ask Maps ќе ги запомни претходните разговори со корисникот, дозволувајќи им да продолжат таму каде што застанале.

Ask Maps сега поддржува и ажурирања за транзит во живо, со нов виџет за транзит кој ги информира корисниците за доцнења во реално време за нивните возења со автобус, воз, метро или ферибот.

Корисниците дури можат да предложат промени во Maps во форма на разговор преку Ask Maps или, на пример, да испратат фотографија од знак на продавница за да го променат работното време. Можете исто така да дадете информации како „повеќе достапни места за паркирање зад зградата“, а Google Maps ќе ги прикаже тие информации на другите корисници.

Виџетот за транзит во живо, персонализираните одговори и можноста за запомнување на претходните разговори сега се воведуваат секаде каде што е достапен Ask Maps. Нарачување храна, откривање хотели и настани и придонеси за разговори моментално се воведуваат само во САД, а со текот на времето ќе се воведуваат и во други земји.

Тагови
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

Софтвер

Google станува построг кон Android апликациите што користат премногу меморија

Read more

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Read more

Крај за популарната серија Galaxy: Samsung го потврди последното големо ажурирање

Read more

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Read more

Гик

Аутизмот поврзан со рана изложеност на вообичаен додаток во пластиката

Читај повеќе

AI реши клучен проблем на Apple во новиот iPhone на преклоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа Брза помош за дефектни роботи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Балканската GTA го тресе интернетот

Читај повеќе

Apple ги претстави iPhone 18 Pro и Duo со иновации што на Android со години ги има

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинезите планираат да вратат примероци од Марс на Земјата во 2031 година

Читај повеќе

Google ќе ги лади своите дата-центри во Финска за 13 милијарди евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Траги од канибализам откриени на древни коски најдени во Шпанија

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Читај повеќе