Вашиот компјутер наскоро станува застарен и опасен

Како бесплатно да го спасите компјутерот кога ќе заврши поддршката за Windows 10?

Кога Windows 10 ќе престане да добива ажурирања, сите што сè уште го користат ќе бидат оставени на цедило. Сепак, постои решение за кое веројатно не сте размислувале.

Се проценува дека околу 240 милиони компјутери ќе станат застарени кога Microsoft ќе ја прекине поддршката за Windows 10 во октомври. За жал, поради хардверските барања, не секој може да инсталира Windows 11 или да си дозволи нови компоненти или сосема нов уред. Затоа е време да почнете да размислувате што ќе правите.

Microsoft ќе престане да ги ажурира повеќето машини со Windows 10 по 14 октомври, иако тој оперативен систем сè уште е попопуларен од Windows 11. За жал, строгите барања за процесор ќе остават стотици милиони компјутери без можност да го користат најновиот оперативен систем на Microsoft - Windows 11 поддржува само процесори од 8-ма генерација на Intel и AMD Ryzen 2000 серија или понови, што ги исклучува повеќето системи произведени пред 2017 година.

И покрај овие барања, постои начин да го зачувате вашиот компјутер, и тоа потполно бесплатно.

Група ентузијасти го започна проектот „End of 10“ (Крај на 10), во кој се тврди дека многу компјутери направени од 2010 година па наваму се сè уште употребливи. Сè што треба да направат корисниците е да се префрлат на Linux по 14 октомври 2025 година - безбедна, но во голема мера непозната опција.

Веб-страницата на проектот „End of 10“ истакнува дека таков потег не само што ќе ви овозможи да продолжите да го користите вашиот стар уред со години, туку и значително ќе го забрза. Исто така, се истакнуваат 5 клучни предности на оперативниот систем Linux:

  • бесплатен оперативен систем и бесплатни ажурирања;
  • без реклами или софтвер што ве следи;
  • целосна контрола врз инсталираниот софтвер;
  • бројни форуми каде што може да се најде поддршка;
  • рециклирањето на стари компјутери го намалува јаглеродниот отпечаток.

Ако никогаш не сте користеле Linux, ќе мора да се навикнете на новата средина и да научите како да го користите овој оперативен систем. Сметаме дека ова нема да биде премногу тешка задача за оние кои ги користат своите компјутери за едноставна обработка на текст и сурфање на интернет, и иако нема да ги најдат сите исти програми што ги користеле на Windows, постојат алтернативи кои се лесно достапни.

Алтернативата е или да се трошат пари на нов компјутер или хардвер, или да се остане на оперативниот систем Windows 10, кој со текот на времето ќе станува сè поопасен за употреба поради изложеност на напади од злонамерни актери.

Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Софтвер

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Read more

Десктоп режимот доаѓа на Android

Read more

Начинот на кој го користите ChatGPT открива една работа за вас

Read more

Како бесплатно да го спасите компјутерот кога ќе заврши поддршката за Windows 10?

Read more
 

Гик

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Читај повеќе

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе