Какви подобрувања доби Windows 11?

Microsoft работи на најновите промени во оперативниот систем Windows 11, кои моментално се во фаза на тестирање.

Microsoft продолжува да воведува подобрувања на Windows 11, а најновата тест верзија носи промени што ќе им го олеснат на корисниците работењето и интеракцијата со оперативниот систем.

Прво, таскбарот во режим на автоматско криење станува посигурен, па анимациите се пофлуидни, а проблемите со кликачкиот простор веднаш над таскбарот, за кои корисниците се жалеа претходно, се поправени.

Друга значајна новина се однесува на менито Start, каде што препораките на Copilot ќе се појават во делот Recommended. Microsoft ќе им понуди на корисниците кратки картички со предлози за користење на вештачка интелигенција, како што се командите Ask Copilot, Create an image или Write a first draft.

За оние на кои им пречат дополнителните предлози, постои опција за исклучување на оваа функција во поставките (Settings → Personalization → Start). Сепак, Microsoft забележува дека оваа опција отстранува и некои други корисни функции, како што се листата на неодамна користени датотеки или Jump Lists. Администраторите во организациите ќе можат, преку специјални алатки, целосно да го контролираат или отстранат делот Recommended.

Моментално, промените се достапни само за корисниците на програмата Windows Insider, додека пошироката достапност ќе следи во наредните месеци.

Тагови
реклама

Софтвер

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Read more

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Read more

YouTube наскоро ќе овозможи креирање приспособени фидови и користење GIF-ови во коментарите

Read more

Кои Xiaomi телефони ќе го добијат новиот оперативен систем?

Read more

Гик

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Читај повеќе

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Читај повеќе

Како Tinder се обидува да ги убеди корисниците да „дејтаат“?

Читај повеќе

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Читај повеќе