Microsoft објави, па брзо избриша: Дали 16 GB RAM меморија стана премалку за Windows 11?

Иако цените на меморијата вртоглаво растат, корисниците на Windows 11 не го примија добро соопштението на Microsoft, кое сега е избришано.

Microsoft предизвика возбуда откако објави, а потоа и веднаш избриша текст во кој тврдеше дека 32 GB RAM меморија е новиот стандард за непречено работење на Windows 11 компјутерите.

Во спорната објава, која прв ја забележа порталот Windows Latest, компанијата експлицитно изјави дека 16GB меморија е само „почетна точка“ за гејмерите, додека 32GB е неопходно за безгрижни перформанси. Оваа препорака ги налути корисниците, особено затоа што минималните барања за Windows 11 сè уште се заглавени на застарените 4GB, додека голем број нови компјутери сè уште се продаваат со само 8GB.

Причините за овој „тивок“ притисок врз корисниците е начинот на кој Windows 11, игриците, Chromium, WebView2 и другите модерни апликации трошат ресурси:

„За повеќето гејмери, 16GB RAM меморија е практична почетна точка. Преместувањето на 32GB RAM меморија помага ако користите Discord, прелистувачи или алатки за стриминг покрај вашите игрици. Таа дополнителна меморија им дава и на поновите игрици повеќе простор за работа, бидејќи барањата за меморија продолжуваат да растат“, соопштија од Microsoft.

Интересно е што ова не е прв пат Microsoft да се обидува да промовира 32GB како „нова нормалност“, што се совпаѓа со нивниот агресивен поттик за вештачка интелигенција. Иако претходно се тврдеше дека Copilot+ компјутерите со 16GB меморија се на врвот на листата, новото соопштение сугерира дека дури и тоа повеќе не е доволно за сериозните корисници.

Откако социјалните медиуми се потресоа, Microsoft ја повлече објавата, ја избриша архивата и го пренасочи линкот кон почетната страница. Овој потег се чини дека е обид за контрола на штетата, додека извршниот директор Сатја Надела ветува дека компанијата работи на оптимизирање на системот за уреди со помалку меморија.

Иако документот исчезна, пораката што Microsoft се обидува да ја пренесе „под радарот“ е јасна. Во свет каде што софтверот станува сè побавен, а цените на меморијата вртоглаво растат, ограничувањето од 32 GB RAM полека престанува да се смета за луксуз и станува реалност за која ќе мора да платиме.

Тагови
реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Софтвер

Google станува построг кон Android апликациите што користат премногу меморија

Read more

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Read more

Крај за популарната серија Galaxy: Samsung го потврди последното големо ажурирање

Read more

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Read more

Гик

Project DualPlay Mini на Acer е рачна гејмерска конзола која се претвора во мал лаптоп

Читај повеќе

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Читај повеќе

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Читај повеќе

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутки заменија камера и уред за приклучување на вселенски летала на МВС

Читај повеќе

WhatsApp има нова опција што штити од измама, но мора сами да ја вклучите

Читај повеќе

Генијален трик за пронаоѓање изгубен телефон дома

Читај повеќе
  • filter

Мистерија длабоко под мразот: Антарктикот го покрил мраз среде тропска ера

Читај повеќе

ЕУ ќе го заостри надзорот врз ChatGPT, Reddit и Roblox

Читај повеќе