Microsoft работи на нов дизајн за Start менито на својот оперативен систем Windows 11, кој е поголем и поприспособлив од постоечкиот.

Навестувањето за дизајн беше откриено во поновите верзии на Windows 11, каде што обновеното Start мени има поголем распоред и конечно нуди можност за оневозможување на препорачаниот feed за датотеки и апликации.
Препорачаниот feed е главната „болна точка“ за корисниците на Windows 11 кои се префрлаат од Windows 10, бидејќи зазема многу простор на Start менито и не секој сака да ги гледа неодамна користените датотеки и апликации. Новиот дизајн на Start менито на Microsoft одржува сè на една страница што може да се скролува, а корисникот може да пристапи до сите апликации без да мора да се движи до посебен дел.
Приказот на сите апликации е исто така лесно достапен и може да се постави како категорија или листа, во зависност од тоа како корисникот сака да изгледа корисничкиот интерфејс. Ова поголемо Start мени значи дека корисникот сега може да закачи повеќе апликации, до 8 по ред, и повеќе не е ограничен на само 3 реда.
Microsoft започна да го тестира овој дизајн на Start менито во 24H2 верзијате на Windows 11, но го пренесе и на верзијате 23H2. Ова сугерира дека овој нов дизајн ќе допре до сите корисници на Windows 11 во наредните недели или месеци.