OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Компанијата зад ChatGPT вештачката интелигенција, наводно, развива своја социјална платформа.

OpenAI развива сопствена социјална мрежа, велат извори блиски до компанијата. Наводно, новата платформа ќе биде слична на Х (поранешен Twitter).

Како што дознава The Verge, компанијата зад ChatGPT вештачката интелигенција е во рана фаза на развој на сопствена социјална платформа, чиј прототип моментално се базира на генерирање слики и има  feed.

Изворите наведуваат дека Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, почнал да бара повратни информации од луѓе надвор од компанијата, но она што сè уште не е јасно во овој момент е дали планот е оваа платформа да биде интегрирана во ChatGPT или да биде сопствена апликација.

Во февруари годинава, Алтман, одговарајќи на наводите дека Закерберг и Meta планираат да ја лансираат апликацијата Meta AI, напиша на социјалната мрежа X: „Добро, можеби и ние ќе направиме социјална апликација“. Иако следбениците тогаш не знаеја дали се шегува или не, сега неговите зборови добија тежина.

Покрај тоа што со овој потег директно „удри“ по Марк Закерберг, лансирањето на ChatGPT социјалната мрежа сигурно ќе го продлабочи непријателството меѓу Алтаман и Илон Маск, сопственикот на X.

Маск неодамна собра тим од инвеститори во обид да го купи OpenAI за 97,4 милијарди долари, а Алтман јавно се огласи на Х за тоа и го боцна милијардерот: „Не, благодарам - но можеме ние да го купиме Twitter за 9,74 милијарди долари ако сакаш“.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Софтвер

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Read more

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Read more

Google Play ќе предупредува ако некоја апликација може побрзо да ја испразни батеријата

Read more

Хакирани Samsung телефони: Откриен е нов шпионски софтвер

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Првпат снимена супернова како пробива низ ѕвезда

Читај повеќе

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе