70 години од усвојувањето на знамето на ЕУ: Како едноставниот дизајн стана глобален симбол на надеж?

Европската Унија денеска слави 70 години од своето препознатливо сино знаме со 12 ѕвезди, симбол кој од идеја родена во урнатините на повоениот континент прерасна во знак на единство, солидарност и европски вредности.

Европската Унија денеска (9 декември) ја одбележува 70-годишнината од своето знаме, симбол кој се роди на поделениот континент и низ децениите прерасна во знак на единство за милиони луѓе.

Тоа е познатото темносино знаме со 12 златни ѕвезди, на кое толку сме навикнати да го гледаме на банкноти и регистарски таблички, возачки дозволи, сообраќајни знаци, протести, музички натпревари и спортски настани што честопати веќе не го ни забележуваме. Стана дел од заедничкиот европски идентитет, симбол што ги надминува сите разлики на континентот.

Но, како воопшто настанало европското знаме?

Во 50-тите години, додека Европа сè уште беше опустошена од војна и остро поделена од комунизмот, Советот на Европа процени дека е потребен нов симбол што ќе ја претставува идејата за Европа и европското единство.

Беше објавен конкурс и беа примени десетици предлози од граѓани. Дури по долг процес беше избрана сега препознатливата комбинација од жолта и сина боја (некои од одбиените предлози може да се видат во галеријата под текстот).

Бројот на ѕвезди не го претставува бројот на членови. Во 1953 година, Советот на Европа имал 15 членови и бил даден предлог знамето да има по една ѕвезда за секој иден член и потоа да не се менува, без разлика на идните членови. Западна Германија била против ова, бидејќи еден од членовите била спорната област Сар и добивањето на своја ѕвезда би имплицирало суверенитет за регионот. Одлучено било да бидат 12, како симбол на заедништво, солидарност и хармонија на европските народи, додека кругот симболизира единство.

12 како број нема политичка конотација и е број што е симбол на совршеноста и целокупноста поради неговата присутност во европските култури и традиции како што се:

  • 12 ѕвезди ја крунисуваат главата на Дева Марија во Книгата на Откровението, глава 12;
  • 12 часа на часовникот;
  • 12 месеци во годината;
  • 12 хороскопски знаци;
  • 12 апостоли на Исус Христос;
  • 12 синови на Јаков;
  • 12 Израилеви племиња;
  • 12 библиски мали пророци;
  • 12 унци во еден паунд од трој системот за тежина;
  • 12 полутонови во една октава;
  • 12 Божикни денови;
  • 12 Цезари во летописите на Светониј;
  • 12 олимписки богови;
  • 12 подвизи на Херкул;
  • 12 табели на Римското право;
  • 12 книги на Изгубениот Рај и Енеида;
  • 12 нијанси во тркалото на боите (во западната уметност).

Дизајнот е намерно едноставен, доволно за, како што истакнуваат вексилолозите, дури и дете да може да го нацрта, и е лесно препознатлив во секоја ситуација.

Советот на Европа го претстави знамето на 9 декември 1955 година.

Оттогаш, знамето стана еден од најпрепознатливите симболи на континентот, поврзан со фундаменталните вредности на европската соработка. Дури подоцна, во текот на 80-тите, знамето беше усвоено од организацијата што ќе прерасне во денешната Европска Унија.

Каде може да се види знамето?

Денес, европското знаме може да се види насекаде:

  • пред градски собранија, владини згради и институции, тела и агенции на ЕУ, универзитети, градски плоштади и дипломатски мисии;
  • низ цела ЕУ и пошироко како симбол на многуте проекти и иницијативи што ЕУ ги поддржува или помошта што ја обезбедува во случај на кризи или катастрофи;
  • во пасоши и на банкноти;
  • на меѓународни спортски настани како што се тенискиот турнир Лејвер куп, голф турнирот Рајдер куп, Лигата на шампионите на УЕФА;
  • надвор од Европската Унија, каде што многумина го креваат поради она што го симболизира. Од Грузија до Западен Балкан, знамето храбро го носат многумина кои сакаат да ја доближат својата нација до европскиот проект.
Одбиени предлози

Некои од одбиените предлози ги вклучуваат:

Предлог знамето со 15 ѕвезди за кое немало консензус
Предлог знаме со соѕвездие со ѕвезди за секој европски главен град со најголемата ѕвезда Стразбур
Предлог знаме со 8 прстени
Предлог знаме од Паневропското движење
Предлогот најсличен со избраниот: 12 ѕвезди плус една во средина што го претставува Стразбур
реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Вести

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Read more

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Read more

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Read more

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Read more

Гик

  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Читај повеќе

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Читај повеќе

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Читај повеќе

ChatGPT и Roblox ќе бидат предмет на построги правила во Европската Унија

Читај повеќе

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Читај повеќе

Рускиот истражувачки центар објави кој исполнува услови за вакцина против рак на кожа

Читај повеќе

YouTube воведува нови алатки што го олеснуваат креирањето thumbnails

Читај повеќе