Apple ни подготвува нов настан на 13 септември, а овој пат ќе претстави уреди од својата линија Smart Home.
Засега не знаеме точно што ќе биде претставено, но очекуваме HomePad или Home Hub, звучникот HomePod mini 2 и новиот Apple TV 4K.
Компанијата го потврди одржувањето на настанот, со слоганот Welcome Home („Добредојдовте дома“), а официјалното видео можете да го погледнете на крајот од текстот.
Се очекува сите три споменати производи да ја поддржуваат новата верзија на вештачката интелигенција Siri.
HomePad или Home Hub ќе има квадратен екран од шест инчи, а ќе има две верзии на уредот: едната дизајнирана да се постави на маса или кујнска работна површина, а другата да се монтира на ѕид. Во основа ќе има вграден звучник, додека екранот ќе биде прикачен на метална рачка.
HomePod mini 2 и новиот Apple TV 4K се чекаат долго време. Оригиналниот HomePod mini беше претставен во 2020 година, додека најновиот модел на Apple TV 4K пристигна во 2022 година.
Welcome home. October 13. https://t.co/ChelGSDOTI
— Greg Joswiak (@gregjoz) October 8, 2026