Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Персеидите носат сјајни метеори, затемнувањето на Сонцето дополнително ги збогатува августовските ноќи, а на крај доаѓа и затемнувањето на Месечината.

Небото над нас, особено ноќе, носи посебна и интересна приказна, особено во ведри денови кога е можно да се видат голем број ѕвезди со голо око, а уште поинтересно е кога ќе го набљудувате еден од најубавите природни феномени на небото - метеорскиот дожд.

И овој август, во ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти, на небото ќе има голем број ѕвезди чиј пад ќе можете да го следите со голо око, а за еден час и до стотина Персеиди ќе го осветлат небото.

Метеорскиот дожд Персеиди е астрономски феномен кој се очекува преку целата година. Препорачливо е да го набљудувате метеорскиот дожд од 23 часот до непосредно пред зори. Според НАСА, за време на врвот на активноста на Персеидите, можно е да се видат до 100 метеори на час.

Шпанците повторно се фаворити оваа година и ќе имаат најдобра позиција за набљудување на ѕвездите, но е неблагодарно да се жалиме во остатокот од Европа. Бидејќи тоа ќе биде за време на фазата на млада месечина, месечината нема да се меша во гледањето.

Како настануваат Персеидите?

Персеидите се формираат кога Земјата поминува низ облак од ситни парчиња мраз и карпи што ги оставила кометата Свифт-Татл, која последен пат поминала близу Земјата во 1992 година. Се чини дека доаѓаат од правецот на соѕвездието Персеј на северното небо, а лесно е да се најде на небото бидејќи ја следи попрепознатливата Касиопеја.

Својот максимум го достигнуваат помеѓу 11 и 13 август, кога Земјата минува низ најгустиот и најпрашливиот дел од овој облак од честички. Во текот на годините без месечина, бројот на видливи метеори се чини поголем, додека во годините на зголемена активност, како што е 2016 година, може да достигне и до 150 до 200 метеори на час.

Типичен метеороид Персеид (како што се нарекува додека е сè уште во вселената) патува со околу 214.000 километри на час, а откако ќе влезе во атмосферата на Земјата станува метеор. Бидејќи повеќето Персеиди се екстремно мали, со големина на зрно песок, нивните фрагменти не стигнуваат до земјата, а ако сепак стигнат се нарекуваат метеорити.

Персеидите достигнуваат температури од над 1.650°C додека минуваат низ атмосферата. За време на летот, тие го компресираат и загреваат воздухот пред нив, создавајќи брилијантни светлосни траги. Повеќето од фрагментите стануваат видливи на надморска височина од околу 97 километри над површината на Земјата.

Август - месец на спектакли на небото

Во текот на август на небото ќе има повеќе спектакуларни настани. На метеорскиот дожд ќе му претходи затемнување на сонцето - на 12 август, делумно затемнување ќе биде видливо во Македонија. Затемнувањето ќе започне кратко по 19 часот, а неговиот пик се очекува за еден час, околу 20 часот, па ако одлучите да бидете на отворено тој ден, позиционирајте за се веднаш да се потопите во набљудување на ѕвездите.

Експертите препорачуваат никогаш да не набљудувате затемнување на Сонцето без специјални заштитни очила. Не се препорачува директно гледање преку телескоп или двоглед.

За прв пат по 70 години, набљудувачите во Шпанија ќе имаат можност да гледаат целосно затемнување на Сонцето и да доживеат 96 секунди целосен мрак, половина час пред вистинското зајдисонце.

На крајот на август, поточно на 28, ќе има делумно затемнување на Месечината. Сенката на Земјата ќе покрие 96% од Месечевиот диск, а овој феномен е познат и како Речиси крвава месечина. Бидејќи е последната полна месечина во летото, се нарекува и Месечина на есетрата.

Исто така, на почетокот на август , Месечината ќе се сретне со шест планети од Сончевиот Систем на утринското небо: Нептун, Сатурн, Уран, Марс, Меркур и Јупитер, но ќе биде тешко да се забележи со голо око.

Па, можеме само да ви препорачаме да ги запишете датумите, да изберете локација од која ќе гледате и да направите список на желби за сите тие „ѕвезди што паѓаат“.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Вести

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Read more

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Read more

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Read more

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Read more

Гик

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Читај повеќе

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Читај повеќе

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Читај повеќе

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе

6 најдобри бесплатни игри за на телефон

Читај повеќе