Гласините не стивнуваат: Apple започна со производство на iPhone Fold?

Обожавателите на преклопни телефони со Android имаат многу причини да бидат возбудени во моментов, особено долгонајавуваниот Galaxy Z Fold 8 Wide, за кој се очекува да биде во центарот на вниманието ова лето. Сепак, како што следниот бран на преклопни уреди почнува да се обликува, Apple исто така се наѕира во далечината - новите гласини сугерираат дека нивниот прв iPhone на преклоп е на пат.

Добро информираниот Маџин Бу објави на X дека таканаречениот iPhone Fold „тукушто влезе во производство во Foxconn“, додавајќи дека уредот повеќе не е гласина, туку вистински производ. Доколку тврдењата на овој наводно доверлив извор се точни, тоа би значело дека моделот на Apple што се витка ја поминал концептуалната фаза и влегол во многу посериозна фаза пред очекуваното лансирање кон крајот на 2026 година.

Производителите на Android уреди ќе бидат во голема готовност бидејќи се очекува Apple да влезе на пазарот со телефон на преклоп во стил на книга, кој има поинаков пристап од високиот и тесен формат што Samsung го фаворизира со години. Различни протекувања укажуваат на поширок дизајн, посличен на оригиналниот Pixel Fold и моделот OPPO Find N, додека други извештаи сугерираат дека телефонот би можел да донесе функции на интерфејс слични на iPad, како што е мултитаскинг со поделен екран.

Сето ова ја поставува сцената за интересен судир со Samsung. Забележани се бројни знаци на моделот Galaxy Z Fold 8 Wide, вклучувајќи елементи и анимации во системот One UI 9 што алудираат на поширок облик на екранот. Ништо не е официјално сè уште, но се чини дека двете компании се залагаат за истата основна идеја приближно во исто време.

Исто така, постои поголема закана што се надвиснува над Android коорисниците: обемот на производство. Неодамна се појавија тврдења дека Apple би можело да подготви дури 20 милиони единици на свитливи екрани, бројка што би ги надминала наводните амбиции на Samsung за свитливи уреди во 2026 година, ако тоа се претвори во реални испораки. Тоа не значи дека Apple автоматски ќе доминира во сегментот од првиот ден - свитливите телефони се уште се нишен пазар со причина - но објаснува зошто секоја гласина за iPhone Fold нè доближува до големо поместување на пазарот.

Засега, ова е сè уште само гласина заснована на објавата на информаторот, па затоа шпекулациите треба да се земат со резерва. Но, ако масовното производство на iPhone Fold навистина започне, производителите на Android телефони на преклопување наскоро може да имаат многу повеќе за што да се грижат отколку само да се натпреваруваат едни со други.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Вести

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Read more

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Read more

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Read more

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Read more
 

Гик

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Читај повеќе
  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Читај повеќе

Газдата на Snapchat ќе отпушти 16% од вработените

Читај повеќе

Протекоа информации: Xiaomi подготвува огромни промени за телефоните

Читај повеќе