Google во шок: Откриен првиот вирус создаден од вештачка интелигенција

Група за разузнавање на закани предупредува на нова ера на сајбер криминал каде што хакерите користат вештачка интелигенција за да пронајдат непознати ранливости во системите.

Сега можеме да го додадеме сајбер криминалот на растечкиот список на загрижености поврзани со вештачката интелигенција.

Групата за разузнавање на закани на Google (GTIG) вели дека за прв пат открила напаѓач кој користи експлоатација „zero-day“ за која верува дека е развиен со вештачка интелигенција. Ранливостите „zer-day“ често се најопасни бидејќи се непознати за целите, оставајќи им 0 дена да се подготват за напад.

Google во извештајот наведува дека напаѓачот планирал да го користи во „настан на масовна експлоатација“, но дека нивното проактивно откривање „веројатно го спречило неговото користење“. 

Компанијата додаде дека не веруваат дека биле користени нивните сопствени Gemini модели, но остануваат уверени дека модел на вештачка интелигенција бил вклучен во пронаоѓањето на ранливоста и претворањето на таа маана во оружје за напад.

Со оглед на тоа колку брзо се развиле моделите на вештачка интелигенција за секојдневна употреба, не е изненадувачки што се користат и за злонамерни цели. 

Во интервју за New York Times, Џон Хаквист, главен аналитичар во GTIG, го окарактеризира ова како „навестување за тоа што доаѓа“ и „врв на ледениот брег“, додавајќи дека овој случај е само првиот „опиплив доказ“ за вакви напади.

Google во својот извештај наведува дека напаѓачите користат вештачка интелигенција во различни фази од сајбер нападите, но исто така дека „вештачката интелигенција може да биде моќна алатка за одбрана“. 

Како и Google, други компании користат модели на вештачка интелигенција за превентивни мерки. Минатиот месец, Anthropic го објави Project Glasswing, иницијатива задолжена за користење на моделот Claude Mythos Preview за пронаоѓање и одбрана од „ранливости со висока критичност“.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Вести

Колку ресурси што им се потребни на луѓето трошат дата центрите?

Read more

Хуманоиден робот со вештачка интелигенција ќе услужува во продавница во Хонгконг

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Истражувачите ја открија најголема скорпија во светот, живеела пред 415 милиони години

Read more

Гик

Instagram конечно им дозволува на корисниците да го менуваат редоследот на објавите

Читај повеќе

Колку ресурси што им се потребни на луѓето трошат дата центрите?

Читај повеќе

Хуманоиден робот со вештачка интелигенција ќе услужува во продавница во Хонгконг

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски пресврт: Луѓето официјално ја загубија војната, ботовите го презедоа интернетот

Читај повеќе

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Читај повеќе

Истражувачите ја открија најголема скорпија во светот, живеела пред 415 милиони години

Читај повеќе

Google Drive и Gmail стануваат едно

Читај повеќе

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Читај повеќе

Не се пронајдени траги од вонземна технологија на меѓуѕвездената комета 3I/Atlas

Читај повеќе