Местото каде што кардиналите ќе изберат нов папа

Ја знаете ли приказната за Систинската капела?

Конклавата, или собирот на кардинали каде што ќе се избира нов папа, започна на 7 мај. Се одржува во Систинската капела, место со историска, политичка и религиозна позадина.

Самата капела е изградена помеѓу 1473 и 1481 година, на барање на папата Сикст IV. Именувана е по него. На македонски прифатиливе се двете имиња, со и без К: Сикстинска капела - од латиски Sacellum Sixtinum (по папата Sixtus IV), и Систинска капела - од италијански Cappella Sistina (по папата Sisto IV).

Оваа капела, која се наоѓа во Апостолската палата, седиштето на Светата столица, е најпозната по уметничките дела што ги красат нејзините ѕидови.

Таванот на Систинската капела е насликан од Микеланџело Буонароти, легендарен италијански сликар од XVI век. Таванот содржи 9 одделни настани од книгата „Битие“, првата книга од Стариот завет.

Најпознатото дело меѓу нив е „Создавањето на Адам“, фреска која се смета за едно од најпрепознатливите уметнички дела во светот.

Покрај таванот, Микеланџело ја насликал и фреската „Страшниот суд“, која се наоѓа веднаш зад олтарот на оваа капела.

Сандро Ботичели, Пјетро Перугино, Пинтурикио, Доменико Гирландајо и Козимо Росели учествувале во декорацијата на оваа капела, која се смета за убедливо најпозната во светот, додека Микеланџело бил ангажиран од папата Јулиј II во раните 1500-ти.

Иако е најпозната по своите уметнички дела и конклава, примарната функција на оваа капела е да биде „Капела Понтифиција“, седиште на Светата столица и местото каде што се центрирани сите активности на водачите на Католичката црква.

Иако базиликата „Свети Петар“ се смета за централен дел на Ватикан, Систинската капела е многу попопуларно место за туристите, но и клучен дел од оваа микродржава во политички контекст.

Токму во оваа капела 133 кардинали ќе го изберат новиот водач на Католичката црква кој ќе го замени папата Франциск, кој почина на 21 април.

Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Вести

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Read more

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Read more

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Read more
 

Гик

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Читај повеќе

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе