Како изгледа Брза помош за дефектни роботи?

На улиците на Токио наскоро би можело да се види возило што наликува на амбулантно возило, но е наменето исклучиво за хуманоидни роботи. 

Јапонскиот технолошки конгломерат GMO Internet Group претстави комбе опремено за транспорт на инженери, алат, резервни делови и заменски робот директно до местото каде што настанал дефект. Компанијата истакнува дека ова е прво возило од ваков вид во Јапонија наменето за одржување на хуманоидни роботи, пренесува Euronews.

„Нашата амбуланта за роботи носи заменски робот на лице место и го заменува со оштетениот“, објасни Шота Такизава, инженер во GMO Air. Доколку проблемот не може да се реши на лице место, оштетениот робот се транспортира во сервисен центар. Во меѓувреме, заменскиот робот веднаш ги презема неговите задачи, обезбедувајќи непречено работење.

Од GMO Air објаснуваат дека ја развиле оваа услуга откако се соочиле со прекини во работењето додека чекале поправка на нивните роботи. 

„Тоа искуство ја поттикна идејата за обезбедување заменски хуманоидни роботи“, изјави Томохиро Учида, извршен директор на GMO Air.

Иако возилото има ознаки слични на оние на амбулантно возило и виолетови ротирачки светла, тоа всушност претставува мобилна работилница. Внатрешноста е уредена така што може да прими роботи, лаптопи и сета потребна опрема за одржување.

Компанијата моментално располага со едно такво возило во своето седиште во Токио, но GMO најави планови за воведување дополнителни возила и отворање нови бази доколку се појави потреба. 

„Кога хуманоидните роботи ќе станат дел од секојдневниот живот, ваквата услуга ќе биде неопходна“, додаде Такизава.

Проектот е започнат во услови на засилена пазарна конкуренција во секторот за хуманоидни роботи, предводена од Кина и САД. Кина изгради силна производствена база поддржана од државни инвестиции и домашни синџири на снабдување, додека американските компании се позиционираат како лидери во развојот на вештачка интелигенција и напредна роботика.

Remote video URL

Според проценките на McKinsey, пазарот за роботика со општа намена би можело да достигне вредност од приближно 370 милијарди долари (околу 319 милијарди евра) до 2040 година. Јапонија, која со децении е водечки производител на индустриски роботи, сега се стреми да ја зајакне својата позиција во областа на роботиката управувана од вештачка интелигенција.

Во јуни, јапонската влада постави цел да воведе околу 10 милиони роботи до 2040 година и да ги распореди во 18 различни сектори, вклучувајќи ги здравството, угостителството и производството.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Вести

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Read more

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Read more

WhatsApp воведува голема промена

Read more

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Read more

Гик

Apple објави ценовник: Колку ќе ве чини поправка на iPhone Duo?

Читај повеќе

Дали конечно е решена мистеријата за „двете лица“ на Месечината?

Читај повеќе

Глечерот „Судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Што се крие под мразот?

Читај повеќе

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Читај повеќе

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Читај повеќе

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Читај повеќе

WhatsApp воведува голема промена

Читај повеќе

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Читај повеќе

Продажбата на телефони паѓа, а цените скокнаа за 20%

Читај повеќе