Кои податоци Windows ги собира од вас?

Microsoft ги дели податоците на „неопходни“ и „опционални“, ветувајќи транспарентност, но границите на приватноста остануваат јасно дефинирани.

Microsoft со години собира кориснички податоци преку оперативниот систем Windows, а сега точно сподели кои информации се евидентираат и колку контрола корисниците навистина имаат врз нив.

Најновите извештаи наведуваат дека Windows 10 (од верзијата 1903) и Windows 11 ги делат податоците во две категории: задолжителни и опционални.

Задолжителни податоци (Required) - без можност за исклучување

Овој тип на податоци се собира автоматски и корисниците немаат опција да ги оневозможат. Ова вклучува технички информации за уредот, грешки и перформанси, како и информации за користењето на услугите на Microsoft (на пр. Find My Device, Cloud Clipboard, Backup, SmartScreen заштита и други).

Според Microsoft, овие информации се неопходни за безбедноста на системот и правилното функционирање на Windows.

Опционални информации - може да се исклучат

Втората категорија вклучува податоци што корисниците може да ги оневозможат преку поставките: историја на пишување и говор; податоци за користењето на апликации и пребарувања на интернет; детали за инсталациите и прилагодување на корисничкото искуство.

Овие информации ги користи Microsoft за подобрување на производите и персонализирање на содржината, вклучувајќи ги и рекламите.

Корисниците можат да ги прилагодат поставките во делот Settings > Privacy > Diagnostics & feedback. Таму се избира нивото на собирање податоци, како и вклучување на дополнителни опции како што е персонализирано искуство (прилагодени искуства). Важно е да се напомене дека дури и со минимални поставки, основните податоци сè уште се испраќаат до Microsoft.

Microsoft нуди и алатка што точно покажува кои информации се собрани, а тоа е Diagnostic Data Viewer. Сепак, користењето на оваа алатка бара дополнителен простор (до 1GB), па затоа не е вклучена по дифолт.

Тагови
реклама

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Велика Британија забранува три вида порнографија

Read more

Дали Volkswagen ќе згасне еден од своите најпознати брендови?

Read more

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Read more

Вести

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Read more

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Read more

WhatsApp воведува голема промена

Read more

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Read more

Гик

Хакирање без ниту еден клик: Израелски шпионски софтвер се шири преку онлајн реклами

Читај повеќе

Apple објави ценовник: Колку ќе ве чини поправка на iPhone Duo?

Читај повеќе

Дали конечно е решена мистеријата за „двете лица“ на Месечината?

Читај повеќе

Глечерот „Судниот ден“ се топи побрзо од очекуваното: Што се крие под мразот?

Читај повеќе

Дали и вие симнавте лажен Google Chrome?

Читај повеќе

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Читај повеќе

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Читај повеќе

WhatsApp воведува голема промена

Читај повеќе

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Читај повеќе