Meta изработи прототип на робот за домашни работи

Со помош на кинеската компанија Fourier, Meta за само три месеци изработи прототип на хуманоиден робот, дизајниран да помага во домашните работи, пренесува The Information.

Роботот со кодно име Max тежи приближно 48 килограми и е висок околу 1,5 метри. Поседува екран на кој се прикажуваат изрази на лицето, вграден звучник и раце дизајнирани за земање мали предмети; за неговото функционирање се користат чипови Jetson Thor од компанијата Nvidia.

Сè уште не е објавен датум за лансирање на верзија наменета за широкиот пазар, но според информациите, Meta уште од септември работи на втор прототип, наречен Max 2. Овој модел има редизајнирани торзо и раце, како и проектор и дополнителни сензори кои треба да му помогнат полесно да се движи по скали.

Според Bloomberg, Meta во февруари минатата година формираше тим во рамките на својот оддел Reality Labs за развој на хардвер за хуманоидни роботи, со крајна цел тие да можат да извршуваат домашни работи. Понатаму, компанијата претходно оваа година ја презеде стартап-компанијата Assured Robot Intelligence, која развива вештачка интелигенција за роботи.

Тагови
реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Вести

НАСА отвори конкурс: Дали би живееле на Месечината?

Read more

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Read more

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Read more

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Read more

Гик

НАСА отвори конкурс: Дали би живееле на Месечината?

Читај повеќе

Научници развиваат систем за рано откривање на вируси и бактерии во воздухот

Читај повеќе
  • play_arrow

GTA VI ќе биде најскапата видеоигра во историјата

Читај повеќе

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Читај повеќе

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Читај повеќе

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Читај повеќе

Дали на Марс се кријат живи вулкани?

Читај повеќе

Што се смени: Нормалната телесна температура повеќе не е 37°C? 

Читај повеќе

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Читај повеќе