Microsoft најави големи подобрувања: Windows 11 наскоро ќе биде многу побрз

Microsoft планира значително да ги подобри перформансите на оперативниот систем Windows 11, а сè ќе им биде достапно на корисниците на крајот од годината преку новата верзија 25H2.

Компанијата изјави дека корисничкото искуство ќе биде во фокусот на претстојната верзија, со посебен акцент на решавање на проблемите со бавното работење на системот. Инженерите од Редмонд веќе тестираат нова функција која автоматски ги детектира моментите кога системот „се заглавува“, собира технички информации и ги зачувува во позадина - без да влијае на работата на компјутерот. Тие податоци можат да се препратат до Microsoft преку Feedback Hub, што значително го забрзува дебагирањето.

Покрај тоа, новата верзија носи подобрувања и кога станува збор за драјверите - сите тие ќе мора да поминат построга проверка пред да добијат сертификат. Ова, како што наведува компанијата, ја намалува можноста лошиот софтвер да влијае на брзината и стабилноста на системот.

Друга важна промена е начинот на кој ќе се инсталира ажурирањето 25H2 - ќе се третира како кумулативно ажурирање, слично на редовните месечни ажурирања. Ова значи дека преминот кон нова верзија ќе трае помалку време, со помалку прекини.

Исто така, се очекуваат бројни помали прилагодувања во самиот систем - меѓу нив оптимизации за File Explorer, Taskbar, но и управување со потрошувачката на енергија кога корисникот не е активен.

Потсетуваме дека Microsoft претходно беше критикуван за намалените перформанси на Windows 11 во споредба со претходната верзија, особено на постарите компјутери. Овие најавени подобрувања се дел од обидот на компанијата да ја врати довербата на корисниците и да обезбеди Windows да остане конкурентен во сè побавно дигитално опкружување.

Верзијата 25H2 се очекува на крајот на 2025 година, а моментално е достапна за членовите на програмата Windows Insider.

Тагови
реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Ретроградна Венера ги враќа бившите и ги замрсува финансиите

Read more

Вести

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Read more

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Read more

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Read more

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Read more

Гик

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Читај повеќе

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Читај повеќе

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Читај повеќе

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Читај повеќе

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе