Microsoft намерно го забавува Windows

Нова функција доаѓа во рамките на Windows 11 25H2 верзијата, со која намерно се намалуваат перформансите на системот.

Во рамките на претстојното ажурирање Windows 11 верзија 25H2, Microsoft планира да воведе нова функција наречена User Interaction-Aware CPU Power Management, која свесно ќе ги намалува перформансите на системот кога корисникот не е активен.

Оваа функција моментално се тестира во верзијата на Windows 11 за развивачи и има за цел зголемување на енергетската ефикасност, особено на преносливите компјутери. Клучната карактеристика е тоа што системот не влијае на перформансите додека корисникот активно го користи компјутерот, туку ги препознава моментите на неактивност и тогаш применува политика на поштедлив режим на процесорот.

Иако во Windows веќе има опции како sleep и hibernate режим, како и автоматско гасење на екранот, новата опција функционира во позадина и овозможува помала потрошувачка дури и кога системот останува вклучен. Microsoft ја гледа оваа технологија како дополнителен чекор кон оптимизација на потрошувачката на енергија, продолжување на траењето на батеријата и еколошки поодговорно користење на компјутерската опрема.

Функцијата е наменета пред сè за лаптопи, но потенцијално може да се примени и на десктоп компјутери за дополнително намалување на потрошувачката на струја во моменти кога системот не се користи активно.

Windows 11 25H2 ажурирањето се очекува подоцна во текот на годината, а корисниците во тест каналот веќе сега можат да ја пробаат оваа опција и да дадат повратни информации.

Тагови
реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Вести

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Read more

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Read more

Како да го спречите Google да ве следи?

Read more
 

Гик

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе