Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Истражувачите можеби ја лоцираа советската сонда Луна 9, речиси шест децении по нејзиното историско слетување, користејќи најсовремени камери и алгоритам со вештачка интелигенција.

Извор:  NASA/GSFC/Arizona State University, nature.com, YouTube / Hazegrayart

Астрономите веруваат дека конечно ја пронашле локацијата на изгубената советска сонда Луна 9, речиси шест децении по нејзиното историско слетување на Месечината. Доколку се потврди, откритието би ставило крај на една од најинтригантните вселенски мистерии од ерата на Студената војна.

Сондата беше лансирана на 31 јануари 1966 година, на ракетата Молња-М, и слета на Месечината на 3 февруари истата година. Иако вселенски летала претходно стигнуваа до површината на Месечината, Луна 9 беше првата што изврши меко слетување на друго небесно тело во човечката историја.

Како што се приближуваше кон земјата, Луна 9 ја ослободи својата капсула за слетување. Потоа главното тело на сондата маневрираше за да се оддалечи од местото на слетување, пред да се сруши на површината на Месечината.

Луна 9, Извор: YouTube / Hazegrayart

Капсулата отскокна неколку пати пред да застане. Потоа отвори четири панели во облик на ливчиња за да обезбеди стабилност. Користејќи ТВ-камера и ротирачко огледало, почна да ги снима и пренесува првите фотографии од површина различна од Земјата.

Сондата работеше три дена, сè додека не ѝ се испразнија батериите. После тоа, контактот со научниците на Земјата беше изгубен.

Иако мисијата немаше голем број експерименти, нејзиното значење е огромно. Луна 9 ги растера стравувањата дека површината на Месечината е покриена со „жив песок“, отворајќи го патот за идните летови со екипаж.

Советскиот Сојуз ги објави проценетите координати на местото на слетување во весникот „Правда“. Сепак, поради ограничената точност на пресметките, беше можно вселенското летало да биде оддалечено десетици километри. Токму ова го отежнуваше пребарувањето во претходните децении.

За време на бројните прелетувања и снимање на површината на Месечината, Луна 9 никогаш не беше сигурно забележана. Проблемот е променливото осветлување, сложената позадина и малиот пикселен отпечаток на сондата на сликите.

Затоа тимот истражувачи одлучи да примени модерен пристап. Тие ја користеа камерата со тесен агол Lunar Reconnaissance Orbiter Camera (LROC), која континуирано ја снима Месечината од 2009 година, како и алгоритмот за машинско учење You-Only-Look-Once - Extraterrestrial Artifact (YOLO-ETA).

Алгоритмот прво беше трениран на познати места за слетување. Потоа му беа прикажани слики што претходно не ги „видел“, вклучувајќи го и местото на слетување на сондата Луна 16. YOLO-ETA успешно ги идентификуваше овие локации со голема сигурност.

Потенцијалната локација на модулот Луна 9 според анализата на алгоритмот. Извор: NASA/GSFC/Arizona State University, nature.com

После тоа, истражувачите ја испратија во потрага по Луна 9. Иако откритието сè уште не е официјално потврдено, се чини дека сондата се наоѓа на координати 7,03° јужно и 64,33° западно.

Студијата беше објавена во списанието Space Exploration, а дополнителни анализи во иднина би можеле да потврдат дали навистина е пронајдена историска трага од првото меко слетување во мисија на Месечината.

Remote video URL
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Вести

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Read more

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Read more

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Read more

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Read more

Гик

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Читај повеќе

Project DualPlay Mini на Acer е рачна гејмерска конзола која се претвора во мал лаптоп

Читај повеќе

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Читај повеќе

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Читај повеќе

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутки заменија камера и уред за приклучување на вселенски летала на МВС

Читај повеќе

WhatsApp има нова опција што штити од измама, но мора сами да ја вклучите

Читај повеќе

Генијален трик за пронаоѓање изгубен телефон дома

Читај повеќе
  • filter

Мистерија длабоко под мразот: Антарктикот го покрил мраз среде тропска ера

Читај повеќе