Европската Унија врши притисок врз технолошките компании да бидат потранспарентни со потрошувачите, а најновото барање е добар чекор во таа насока.

Од 20 јуни оваа година, сите паметни телефони и таблети што се продаваат во ЕУ ќе мора да носат нова ознака на кутијата, која ќе означува траење и ефикасност на батеријата. Станува збор за промена поврзана со енергетската ознака, која веќе им е позната на Европејците. Оваа ознака се наоѓа на апаратите за домаќинство.
Регулативата се однесува на безжични телефони (кои се користат за фиксни), паметни телефони за мобилни или сателитски мрежи, телефони без интернет или апликации од трети страни, таблети со екрани со големина меѓу 7 и 17,4 инчи, а новата налепница ќе биде на сите уреди што ќе бидат пуштени на пазарот од 20 јуни годинава.
Уредите со флексибилни главни екрани што се „одмотуваат“, делумно или целосно, се изземени од ова барање. Исклучок се и телефоните и таблетите кои се појавија на пазарот пред 20 јуни.
Сите уреди опфатени со регулативата мора да исполнуваат 5 клучни критериуми за екодизајн. Тоа се издржливост, траење на батеријата, можност за поправка, софтверска поддршка и пристап до поправки.
Подетално, уредите мора да бидат отпорни на случајни падови и заштитени од прашина и вода. Батериите мора да издржат најмалку 800 циклуси на целосно полнење и празнење додека задржуваат најмалку 80% од нивниот оригинален капацитет. Производителите мора да ги понудат клучните резервни делови во рок од 5 до 10 работни дена и да продолжат да ги нудат во период од 7 години по завршувањето на продажбата во ЕУ. Надградбите на софтверскиот систем мора да се обезбедат најмалку 5 години од датумот на завршување на продажбата. Професионалните сервисери мора да имаат недискриминаторски пристап до целиот неопходен софтвер и фирмвер.